Закон на рестриктивни мерки

Во насока на унапредување на правната рамка за имплементација на мерките на Советот за безбедност на Обединетите нации и другите меѓународни организации  кои имаат за цел одржување на меѓународниот мир, безбедноста, почитувањето на човековите права и основните слободи и развојот на демократијата и владеењето на правото, Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки. Имплементирајќи ги меѓународните стандарди, секое физичко и правно лице е должно да ги примени финансиските мерки согласно со овој закон, без одлагање и без да го извести определеното лице. Тука може да го најдете текстот на законот објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр 223/26.

Законот за рестриктивни мерки е достапно на следниот линк.

Прочитај повеќе

Упатство за примена на Законот за рестриктивни мерки

Ова Упатство е изготвено со цел да им овозможи на обврзниците и надлежните институции практични насоки за правилна, навремена и доследна примена на Законот за рестриктивни мерки. Документот ги објаснува законските обврски и постапките за спроведување на финансиските рестриктивни мерки, со посебен акцент на препознавањето и спречувањето на располагање со средства и имот во корист на лица и субјекти кои се предмет на санкции.

Упатството ги опфаќа видовите рестриктивни мерки, правните основи за нивно воведување, субјектите кои имаат обврска да ги применуваат, како и начинот на идентификација и проверка на лица и субјекти преку консолидираните листи. Дополнително, содржи насоки за воспоставување механизми за следење и детекција, постапување при утврдени совпаѓања, замрзнување на средства и имот, известување до Управата за финансиско разузнавање и комуникација со надлежните институции.

Со ова Упатство се зајакнува практичната примена на рестриктивните мерки, се унапредуваат механизмите за спречување на нивното заобиколување и се придонесува кон усогласување со меѓународните стандарди, зачувување на меѓународниот мир и безбедност и зајакнување на владеењето на правото.

Упатството е достапно на следниот линк.

Извештај за споведувањето на рестрикривната мерка е достапно на следниот линк.

Прочитај повеќе

Jaвен оглас за вработување на 1 (едно) овластено службено лице во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Врз основа на член 89 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (“Службен весник на Република Македонија” бр. 150/22, 208/24, 59/25 и 267/25), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/2014, 27/14, 199/14, 27/16, 98/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.143/19,  275/19 и  14/20 и 208/24), член 22 став 1 точка 1, член 23 став 1 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија”бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 134/16, 120/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр.242/24), Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува:

Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува јавен оглас за вработување на 1 (едно) овластено службено лице на неопределено време на следново работно место:

  1. Помлад разузнавач за аналитика со шифра УФР 0210Б04002, во Одделението за аналитика, во Секторот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, 1 (еден) извршител.

Рокот за доставување на пријавата со  потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Целокупниот оглас е објавен на следниот линк.

Административна селекција

Записник од спроведен писмен испит

Записник од спроведено интервју

Одлука за избор на 1 (еден) извршител на работно место Помлад разузнавач за аналитика.

Прочитај повеќе

Меѓународен ден на ФИУ- Jуни 9, 2026

 

Денес е Меѓународниот ден на Единиците за финансиско разузнавање (Financial Intelligence Units – FIU)! Управата за финансиско разузнавање ги поканува субјектите и надлежните институции да продолжат со заедничката работа за идентификување, спречување и оневозможување на финансискиот криминал. Соработката е клучна!

Линк

Прочитај повеќе

Годишен извештај 2025

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето пари и финансирање на тероризмот.

Годишниот извештај на Управата за финансиско разузнавање за 2025 година можете да го погледнете на следниот линк.

Прочитај повеќе

Усвоена „Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање тероризам 2026-2029“

Владата на Република Северна Македонија на 152-та седница одржана на 24 февруари 2026 година ја донесе Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање тероризам 2026-2029, со Акциски план за спроведување на Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам.

Прочитај повеќе

Упатство за примена на законот на рестриктивни мерки

Ова Упатство е изготвено со цел да им овозможи на обврзниците и надлежните институции јасно, доследно и ефикасно да ги применуваат обврските кои произлегуваат од Законот за рестриктивни мерки. Документот нуди практични насоки за спроведување на мерките, препознавање на ситуации кои бараат постапување, како и разбирање на надлежностите и механизмите за комуникација и известување.

Упатството ги опфаќа видовите рестриктивни мерки, правната основа за нивна примена, субјектите кои се должни да постапуваат, како и начинот на идентификација, известување и замрзнување на имот и средства согласно важечките прописи. Дополнително, обезбедени се и насоки за спречување на неправилности и намалување на ризиците од непочитување на законските обврски.

Со ова Упатство се унапредува усогласеноста со меѓународните стандарди, се обезбедува правна сигурност и се зајакнува институционалниот капацитет за зачувување на меѓународниот мир, безбедност, човековите права и владеењето на правото.

Упатството е достапно на следниот линк.

Прочитај повеќе

Jaвен оглас за вработување на 1 (едно) лице во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Врз основа на член 89 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (“Службен весник на Република Македонија” бр. 150/22,208/24 и 59/25) член 20 – г од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/2014, 27/14, 199/14, 27/16, 98/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.143/19,  275/19 и  14/20 и 208/24), член 22 став 1 точка 1, член 23 став 1 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија”бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 134/16, 120/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15”), Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува:

Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува јавен оглас за вработување на 1 (едно) лице на неопределено време на следново работно место:

  1. Помлад разузнавач за одржување софтвер со шифра УФР 0210Б04001, во Одделението за информатичка технологија, во Секторот за информатичка технологија и управување со податоци, 1 (еден) извршител.

Рокот за доставување на пријавата со  потребните документи изнесува 5  (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Целокупниот оглас е објавен на следниот линк.

Административна селекција

Административна селекција дополнување

Записник од писмен испит

Записник од спроведено интервју

Ранг Листа по јавен оглас

Одлука за избор на 1 (еден) извршител на работно место Помлад разузнавач за одржување софтвер.

Прочитај повеќе

Регионален преглед на ризиците од корупција и перење пари поврзани со еколошкиот криминал во Западен Балкан

Во рамките на проектот “Action against economic crime in the Western Balkans”, кој се реализира како дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа – „ Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkiye“, Ви го доставуваме нацрт-извештајот “Regional Review of Corruption and Money Laundering Risks Associated with Environmental Crime in the Western Balkans”, кој  содржи регионален преглед на ризиците од корупција и перење пари поврзани со еколошкиот криминал во земјите од Западен Балкан, Управата за финансиско разузнавање на Р.С.Македонија активно учествуваше во изработката на извештајот “Regional Review of Corruption and Money Laundering Risks Associated with Environmental Crime in the Western Balkans”.

 

Извештајот овозможува подлабоко согледување на поврзаноста на еколошкиот криминал и финансиските злоупотреби, при што се анализираат предизвиците и ранливоста во регионот, и во Северна Македонија, особено во однос на потенцијалните ризици од генерирање и движење на нелегалните финансиски средства во областа на еколошкиот криминал.

 

Овој извештај треба да им помогне на субјектите и на државните институции за полесно препознавање, следење и гонење на случаи поврзани со еколошки криминал и перење пари со цел навремено и успешно процесуирање на истите.

 

Проверете го документот на овој линк.

Прочитај повеќе

Консолидирана листа на санкционирани лица и субјекти

Овој документ претставува консолидирана листа на физички и правни лица опфатени со рестриктивни мерки согласно резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и одлуките на Европската Унија. Листата содржи информации за поединци и организации поврзани со активности што претставуваат закана за меѓународниот мир, безбедност и човекови права, вклучувајќи ги податоците за нивното име, државјанство, функција, датум на внесување и измена на санкцијата.

За повеќе информации и ажурирани податоци, посетете ја официјалната страница на Обединетите нации и Европската Унија за рестриктивни мерки.

Прочитај повеќе