Управата за Финансиско разузнавање изготви „Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик“ . Истот е изготвено согласно член 18 став (8) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ) со цел да им помогне на субјектите да го разберат концептот на вистински сопственик и со тоа да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од Законот.
Во ова упатство се разработуваат низа случаи кои може да се појават во секојдневната пракса, а воедно се нудат и практични препораки во решавањето на таквите ситуации. Упатството ја нагласува важноста на проценка на ризикот и спроведувањето ефикасни превентивни мерки засновани на истиот, како и примена на засилена анализа за високо ризични ситуации. Важно е субјектите да го знаат идентитетот на своите клиенти и на сите лица кои ги контролираат или влијаат на нивниот клиентски однос, што би овозможило создавање на ефикасен систем на превентивни мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам
Упатството е достапно на следниот линк