Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Управат за финансиско разузнавање: (во натамошниот текст: УФР), со седиште на плоштад “Пресвета Богородица” бр. 3, 6ти кат, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице со основна надлежност да прибира, обработува и доставува податоци за целите на спречување на перење пари и финансирање на терориза. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци ги собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Различни видови на извештаи доставени од Субјектите задолжени со Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на УФП.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Гордана Нацева на следниов e-mail: gon@ufr.gov.mk.

Право на поднесување на барање до АЗЛП 

Ако сметате дека начинот на кој УФР ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Барањето може да се поднесе преку веб страната ба АЗЛП, односно преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Согласно Законот за заштита на лични податоци, УФР Ве уверува дека податоците оставени на нашата веб-страна нема да бидат злоупотребени, објавени во било каков медиум или споделени со друго трето правно, односно физичко лице.