Јавен оглас за вработување на 2(две) лица во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на нопределено време (јавен оглас објавен по трет пат)

Јавен оглас за вработување на 2(две) лица во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на нопределено време (јавен оглас објавен по трет пат)

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“(21.10.2021 година)

Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за спречување перење пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки за…

ФАТФ ги додаде Јордан, Мали и Турција на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (21.10.2021 година)

Со својата јавна објава од 21-ви Октомври 2021 година, ФАТФ ги додаде Јордан, Мали и Турција на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“. Од почетокот на пандемијата со КОВИД- 19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови и обврски за известување за напредокот и преземените мерки во насока на подобрување…

MONEYVAL го започна 5-тиот круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија

Комитетот MONEYVAL го започна својот 5-ти круг процес на евалуација на Северна Македонија со отпочнување на првата фаза од постапката односно со одржување на дводневен т.н „Country Training“ кој се одржа на 14-ти и 15-ти Октомври и кој воедно беше наменет и за Република Романија

Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање во Северна Македонија

„Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање во Северна Македонија“ е проект што го спроведува Democracy Lab, невладина организација фокусирана на унапредување на демократијата во Северна Македонија, а финансиран и поддржан од страна на Кралството Холандија.

Консултативна средба за клучните наоди од компаративната анализа за религиските организации во РСМ и системот за борба против финансирање тероризам/перење пари

Во рамките на проектот поддржан од Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови (GIZ Global Program Combating Illicit Financial Flows), спроведуван од Здружение Конект и Human Security Collective, за надлежните институции, верските заедници и религиозните групи, беше организирана он-лајн консултативна средба на 29 септември 2021 година на која беа презентирани клучните наоди од компаративната…

Одржана регионалната конференција на Управите за финансиско разузнавање на Западен Балкан во Скопје на тема „Организиран криминал, перење на пари и финансирање на тероризам- тенденции, предизвици и добри практики“

На ден 01.10. 2021 година, Управата за финансиско разузнавање со поддршка на Кралството Холандија и Асоцијацијата за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб беа домаќини на „Регионалната конференција на Управите за финансиско разузнавање на Западен Балкан“ на која учество земаа претставници од дипломатскиот кор, државниот, приватниот како и непрофитниот сектор на Албанија, Босна и Херцеговина,…

Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам (2021 – 2024)

За целите на зајакнување на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам досега беа подготвени и реализирани четири стратешки документи. Како последица на потребата за продолжување и насочување на динамиката на унапредување на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија, подготвена е нова Стратегија за…

Проект на USAID за граѓанско учество – „Проценка на ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО

Управата за финансиско разузнавање во соработка со здружението Конект, во рамки на проектот на USAID за граѓанско учество, на 27 и 28 мај и 26 и 27 август реализираше серија од информативни настани „Проценка на ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО“. На учесниците на оваа работилница (повеќе од 100 НПО) им беа…

Извештај за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации

Релевантните меѓународни институции, вбројувајќи го и ФАТФ во лидерска позиција во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризам, покрај тоа што утврдуваат меѓународни стандарди за спречување финансирање на тероризам, исто така, идентификуваат и типологии на финасирање на тероризам според кои терористите и терористичките организации ги искористуваат НПО на повеќе начини: за собирање, трансфер и…