Со својата јавна објава од 21-ви Октомври 2021 година, ФАТФ ги додаде Јордан, Мали и Турција на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“.
Од почетокот на пандемијата со КОВИД- 19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови и обврски за известување за напредокот и преземените мерки во насока на подобрување на системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Превземените мерки и напредокот на Албанија, Барбадос, Боцвана, Камбоџа, Кајмански Острови, Јамајка, Малта, Маурициус, Мароко, Мјанмар, Никарагва, Пакистан, Панама, Филипини, Сенегал, Уганда и Зимбабве беа предмет на прегледување од страна на ФАТФ од јуни 2021 година и за овие земји, јавните објави се ажурирани на официјалната веб страна на ФАТФ.
ФАТФ им даде можност на Буркина Фасо, Хаити и Јужен Судан и тие избраа да го одложат известувањето заради пандемијата, така јавните објави издадени во февруари и јуни 2021 година за овие јурисдикции се вклучени во последнта објава на ФАТФ, но тие не мора да го одразуваат најновиот статус на AML/CFT системите.
Од друга страна пак, ФАТФ го поздравува значајниот напредок на Боцвана и Маурициус во подобрувањето на системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам констатирајќи дека државите ја зајакнале ефективноста на своите системи за борба против перење пари и финансирање на тероризам и ги решиле поврзаните технички недостатоци кои ФАТФ ги идентификуваше во октомври 2018 година, односно Февруари 2020 година.
Имено, токму затоа ФАТФ констатираше дека Боцвана и Маурициус повеќе не се предмет на засилено следење од страна на ФАТФ и истите со објавата од 21-ви Октомври 2021 година се избришани од т.н „сива листа на ФАТФ“.
По продолжувањето со својата работа, ФАТФ сега ги идентификува и Јордан, Мали и Турција како држави со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Објавата на ФАТФ од 21-ви Октомври можете да ја погледнете на следниот линк.
Јавната објава на ФАТФ од 26-ти Јуни 2021 година, можете да ја погледнете на линкот подолу.