Со својата јавна објава од 25-ти Јуни 2021 година, ФАТФ ги додаде Хаити, Малта, Филипини и Јужен Судан на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“.
Во октомври 2020 година, ФАТФ одлучи да ја продолжи својата работа за идентификување на јурисдикции со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Албанија, Барбадос, Боцвана, Камбоџа, Кајмански Острови, Гана, Јамајка, Маурициус, Мароко, Мјанмар, Никарагва, Пакистан, Панама, Уганда и Зимбабве беа предмен на разгледување и беше разгледан напредокот во врскаа со констатираните наоди од февруари 2021 година и истите може да се пронајдат на јавната објава на ФАТФ од 25.06.2021 година
ФАТФ им даде можност на Буркина Фасо и Сенегал и тие избраа да го одложат известувањето заради пандемијата, така наодите издадени во февруари 2021 година за овие јурисдикции се вклучени во последнта објава на ФАТФ, но тие не мора да го одразуваат најновиот статус на режимот на тие јурисдикции.
По продолжувањето на анализата, ФАТФ сега ги идентификуваше Хаити, Малта, Филипини и Јужен Судан како јурисдикции под засилен мониторинг.
Од друга страна пак ФАТФ го поздравува значајниот напредок на Гана во подобрувањето на нејзиниот режим за спречување перење пари и финансирање на тероризам и констатираше дека Гана ја зајакна ефективноста во својот внатрешен систем и ги надминала технички недостатоци, а со тоа ги исполнила обврските во нејзиниот акционен план во врска со стратешките недостатоци што ФАТФ ги идентификуваше во октомври 2018 година. Оттука, Гана повеќе не е предмет на засилен мониторинг од страна на ФАТФ. Гана ќе продолжи да работи со ГИАБА за понатамошно унапредување на нејзиниот режим за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Јавната објава на ФАТФ од 25-ти Јуни 2021 година можете да ја погледнете на следниот линк
Јавната објава на ФАТФ од 25-ти Февруари 2021 година можете да ја погледнете и подолу.