Владата на Република Северна Македонија на 152-та седница одржана на 24 февруари 2026 година ја донесе Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање тероризам 2026-2029, со Акциски план за спроведување на Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам.
Националната стратегија е подготвена од страна на Советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам врз основа на наодите од Националната проценка на ризик од перење пари, финансирање на тероризам и финансирање на оружје за масовно уништување, како и препораките содржани во Извештајот на Комитетот MONEYAL за Република Северна Македонија.
Во подготвувањето на овие стратешки документи значајна е поддршката обезебедена од страна на Советот на Европа во рамки на Проектот за борба против економски криминал во Северна Македонија.
Овој значаен стратешки документ го дава планот на нашата земја за справување со идентификуваните закани и ризици за ПП, ФТ и ФП и ги утврдува активностите што треба да се преземат во следниот 4 годишен период со цел ефикасно да управување со овие ризици, како и подобрување на правната и институционалната рамка за спречување на ПП, ФТ и ФП (СПП/ФТ/ФП) и зголемување на ефикасната имплементација на меѓународните стандарди за СПП/ФТ/ФП.
За постигнување на овие цели, стратегијата идентификува осум (8) Приоритетни области и дефинира мерки и активности детално презентирани во Акциониот план, со обврска за реализација на надлежните институции вклучени во системот за СППФТ во периодот 2026-2029 година.
Стратегијата можете да ја превземете на следниот линк.

