Меѓународен ден на ФИУ- Jуни 9, 2026

  Денес е Меѓународниот ден на Единиците за финансиско разузнавање (Financial Intelligence Units – FIU)! Управата за финансиско разузнавање ги поканува субјектите и надлежните институции да продолжат со заедничката работа за идентификување, спречување и оневозможување на финансискиот криминал. Соработката е клучна! Линк

Годишен извештај 2025

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето…

Усвоена „Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање тероризам 2026-2029“

Владата на Република Северна Македонија на 152-та седница одржана на 24 февруари 2026 година ја донесе Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање тероризам 2026-2029, со Акциски план за спроведување на Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам.