Врз основа на член 89 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (“Службен весник на Република Македонија” бр. 150/22, 208/24, 59/25 и 267/25), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/2014, 27/14, 199/14, 27/16, 98/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.143/19, 275/19 и 14/20 и 208/24), член 22 став 1 точка 1, член 23 став 1 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија”бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 134/16, 120/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр.242/24), Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува:
Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува јавен оглас за вработување на 1 (едно) овластено службено лице на неопределено време на следново работно место:
- Помлад разузнавач за аналитика со шифра УФР 0210Б04002, во Одделението за аналитика, во Секторот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, 1 (еден) извршител.
Рокот за доставување на пријавата со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Целокупниот оглас е објавен на следниот линк.

