Комитетот MONEYVAL ја спроведе теренската посета во Република Северна Македонија во рамки на 5-тиот круг на евалуација на системот за борба против перење пари и финансирање на тероризам

Република Северна Македонија во периодот од 21 септември до 4 октомври 2022 година беше домаќин на тимот евалуатори од Комитетот на експерти на Советот на Европа за евалуација на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам (MONEYVAL) во рамки на реализирањето на 5-тиот круг од оценската мисија во поглед на целокупниот систем за спречување…

Воведени финансиски рестриктивни мерки кон 15 домашни лица – резиденти согласно Законот за рестриктивни мерки

Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 13-ти Септември ја усвои Одлука за воведување на финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање кон 15 македонски државјани за кои постојат основани сомевања дека се односно биле вклучени во активности на тероризам и негово финансирање односно преку…

Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на законот за рестриктивни мерки

Денеска во Клубот на пратениците беше потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, заменик обвинителот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Ферат Елези, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо…

Годишниот план за спречувањена корпуција на Управата за финансиско разузнавање за 2022

Вршењето на задачите и реализацијата на целите на Управата е во непосредна врска со преземањето на соодветни мерки кои се насочени кон отстранување на разните видови на коруптивно однесување кои би можеле да се појават во најразлични форми како што е неморално и неетичко однесување , судир на интереси , непотизам и слично . Во…

Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик на фондациите (Ново*)

Согласно член 19 став (10) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 04.07.2022, Управата за финансиско разузнавање подготви Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик на фондациите  кое има  цел да им помогне на фондациите и субјектите да го разберат концептот на…

Нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на Република Северна Македонија број 151/2022 од 04.07.2022 година)

Во Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 4.7.2022 година  објавен e Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам којшто Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година. Законот стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето односно со почеток од 12.07.2022 година. 

ФАТФ – Соопштение поврзано со Руската Федерација

Со својата последна објава од Јуни 2022 година, ФАТФ повторно ги изразува своите најдлабоки сочувстви за народот на Украина и изразува жалење за огромната загуба на животи и непотребното уништување предизвикано од тековната Руска инвазијa над Украина.  Притоа, ФАТФ наведува дека Руските дејства се спротивни на основните принципи кои имаат за цел да ја промовираат…

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (17.06.2022 година)

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за…

ФАТФ ги додаде Гиблартар, а ја тргна Малта од листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (22.06.2022 година)

Со својата јавна објава од 17-ти Јуни 2022 година, ФАТФ ги додаде Гиблартар на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Малта повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем.

Ажурирани индикатори за препознавање на сомнителни тренасакции

Согласно одредбите од Законот за сперчување перење пари и финансирање на тероризам, на иницијатива на Управата за финансиско разузнавање се изврши ажурирање и дополнување на листата на индикатори за препознавање на соимнителни трансакции. Направените измени и дополнувања произлегуваат од Извешјтајот за спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, Извештајот за ризиците…