Нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на Република Северна Македонија број 151/2022 од 04.07.2022 година)
Во Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 4.7.2022 година објавен e Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам којшто Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година. Законот стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето односно со почеток од 12.07.2022 година.