Во Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 4.7.2022 година објавен e Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам којшто Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година. Законот стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето односно со почеток од 12.07.2022 година.
Со донесување на законот до одреден степен се воспоставува регулација на крипто-сферата од аспектот на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам како едни од значајните ризици поврзани со виртуелните односно крипто-средствата имајќи ги предвид нивните псевдо-анонимни односно целосно анонимни карактеристики со кои се овозможува одреден степен на анонимност на учесниците во трансакциите. Законското решение ги дефинираат поимите како „виртуелни средства“ кои се подведуваат под дефиницијата на „имот“, „даватели на услуги поврзани со виртуелни средства“, „паричници за виртуелни средства“, „криптомати“ и останати сродни термини од крипто-сферата. Со законот се утврдуваат обврски за давателите на услуги поврзани со виртуелни средства за спречување перење пари и финансирање на тероризам, механизми за контрола при потенцијални злоупотреби со виртуелни односно крипто- средства, а ќе биде дозволено тргување виртуелни средства со готовина во износ до 500 евра во денарска портивредност согласно со стратегиите за намалување на сивата економија. Дополнително, со предог законот се забранува давателите на услуги да тргуват со целосно анонимни виртуелни средства познати како приватни виртуелни средсва (анг.privacy coins) како и да користат софтверски алатки за анонимизација и мешање на трансакциите со виртуелни средства.
Управата за финансиско разузнавање ќе биде надзорен орган над давателите на услуги поврзани со виртуелни средства од апсектите поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам, па така секој давател на услуга ќе биде обврзан да ја извести Управата за финансиско разузнавање дека се занимава со оваа активност во рок од 30 дена од денот на донесувањето на подзаконските акти пропишани со овој закон. Давателите на услуги поврзани со виртуелни средства ќе имаат рок од 9 месеци од денот на влегувањето во сила на истиот да се усогласат во целост со одредбите од овој закон.
Генерално, Законот ги содржи следните решенија:
- опсегот на субјектите кои се задолжени да преземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам се редефинира, односно како нови субјекти се воведени: лицата кои тргуваат или дејствуваат како посредници во трговија со уметнички дела, вклучително уметнички галерии или аукциски куќи и давателите на услуги поврзани со виртуелни средства.
- обврските за субјектите кои се однесуваат на идентификација се доведуваат во линија со 5-та ЕУ Директива и стандардите на ФАТФ;
- за целите на идентификација на клиент – физичко лице покрај употребата на оригинален и важечки документ за идентификација, се предвидува доколку е возможно употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација на високо ниво на сигурност согласно закон;
- се прецизираат и усогласуваат со 5-та ЕУ Директива одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици, како и дугите прашања поврзазни со Регистарот на вистински сопственици;
- одредбите кои ги дефинираат засилените мерки на анализа кои субјектите треба да ги применуваат кога постои висок ризик и средно-висок ризик од перење пари или финансирање тероризам, како и случаите кога воспоставуваат прекугранични кореспондентски односи, кога лицето не е физички присутно за цеите а идентификација, кога клентот е носител на јавна финкција, кога во деловниот однос или трансакција е вклучена високо ризична држава се прецизираат и усогласуваат со 5-та ЕУ Директива;
- се редефинира пристапот кон непрофитните организации, односно засилените мерки на анализа субјектите применуваат кон непрофитните организации кои се утврдени согласно националната проценка на ризикот, како и според спроведената проценка на ризикот кон определена непрофитна организација;
- се поширува бројот на субјекти кои доставуваат извештаи до Управата, односно давателите на услуги поврзани со виртуелни средства ќе ја известуваат Управата за размена на виртуелни средства и фиат валути или пари во износ од 1.000 евра, како и извршителите за извршени продажби со усно јавно наддавање и договори за продажба со непосредна спогодба со кои се стекнува право на сопственост на имот во вредност над 15.000 евра;
- се прецизираат надлежностите на Управата за финансиско разузнавање, како и одредбите за соработката на Управата со други надлежни органи и единици за финансиско разузнавање на други држави,
- дополнително, предложените решенија ги унапредуваат дигитализираните процеси за работа, како и размена на информации и податоци да се одвива по заштитен електронски пат или преку Националната платформа за интероперабилност;
- прекршочните одредби од овој предлог се во согласност со Законот за прекршоци и воведуваат одвратувачки, адекватни и пропорционални казни за непочитување на одредбите од овој закони др.
Субјектите задолжени за примена на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам како и сите останати субјекти на коишто се однесува Законот се должни да го усогласат нивното работење во најбрз можен временски рок имајќи ги предвид исклучоците предвидени во рамки на преодните и завршните одредби.
Законот можете да го пронајдете на следниот линк.