Комитетот на експерти за евалуација на мерките против перење пари и финансирање на тероризам – МОНЕВАЛ е постојано мониторинг тело на Советот на Европа на кое му е доверена задача да врши проценка на усогласеност на националните законодавства со главните меѓународни стандарди за борба против перење пари и финансирање на тероризмот и ефективноста на нивното спроведување, како и со задача да дава соодветни препораки до националните власти во однос на неопходните активности кон подобрувања на системите.
MONEYVAL (поранешно PC-R-EV) беше основан во 1997 година и неговото функционирање беше регулирано со општите одредби на Резолуција РЕС(2005) 47 за комитетите и подредените тела .
На состанокот на 13 октомври 2010 година, Комитетот на министри ја усвои Резолуцијата РЕС (2010)12 за статутот на Комитетот на експерти за евалуација на мерките против перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL). Така, со статутот на MONEYVAL од 1 јануари 2011 година ова тело прерасна во независен механизам за мониторинг во рамките на Советот на Европа, кој одговара директно на Комитетот на министри. Статутот MONEYVAL дополнително беше изменет во 2013 година со Резолуцијата ЦМ/РЕС(2013)13 и во 2017 година со Резолуцијата ЦМ/РЕС(2017) 19.
Република Северна Македонија е членка на MONEYVAL Комитет при Советот на Европа од 1998 година