Криминалците ја искористуваат ситуацијата од пандемијата КОВИД-19 и го прилагодуваат нивниот начин на функционирање или т.н „модус операнди“ за да се стекнат со дополнителна имотна корист од различни видови казниви дела како што се измамите со користење на електронските средства, продажба на фалсификувани лекови, медицински средства и материјали како и останати облици на компјутерски криминал.
Како одговор на овие закани, глобалната заедница вклучена во борбата против перење пари и финансирање на тероризам, вклучувајќи го и Комитетот MONEYVAL на Советот на Европа, презеде мерки за идентификување на предизвиците и добрите практики. Како дел од ова, Секретаријатот на MONEYVAL подготви публикација во кој се наведени прелиминарните заклучоци за заканите, ранливоста и најдобрите практики идентификуван и досега за време на пандемијата, врз основа на собраните информации од неговите членови.
Извештајот има за цел да им помогне на креаторите на политиките, практичарите и приватниот сектор во примената на таргетиран и поефективен одговор на ризиците кои се поврзани со перењето пари и финансирањето тероризам. Органите кои спроведуваат супервизија над субјектите за примена на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање тероризам мораа да најдат иновативни начини за извршување на своите надлежности со употреба на безбедни електронски средства.
Во публикацијата се наведува дека ограничувањата и препораките за намалување на физички состаноци во деловните односи и поголемата употреба на новите технологии и работењето на далечина ја зголемија загриженоста на властите во врска со целокупната примена на мерките и дејствијата за соодветно идентификување на клиентите.
Некои наоди од извештајот се релевантни и за пошироката јавност како изворoт на информации против потенцијални криминални шеми, како што се фишинг е-маил пораки, текстуални пораки што содржат поврзувања до малициозни веб-страници, прилози за добивање личните информации и податоци за плаќање и т.н социјален инженеринг.
Целиот извештај можете да ја пронајдете на следниот линк.