Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање во Северна Македонија

Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање во Северна Македонија“ е проект што го спроведува Democracy Lab, невладина организација фокусирана на унапредување на демократијата во Северна Македонија, а финансиран и поддржан од страна на Кралството Холандија.

Прочитај повеќе

Глобална програма за справување со недозволени финансиски текови (GIZ – Global Program Combating Illicit Financial Flows – GP  IFF)

Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови ( giz Global Program Combating Illicit Financial Flows – GP IFF ) се фокусира на приносите од казнени дела. Незаконските активности можат да бидат спречени доколку се открие и спречи перењето на пари, како и надомести противрпавната имотна корист. За оваа цел програмата поддржува активности во четири региони на глобално ниво, од кој еден од нив се земјите од Западниот Балкан. Со партнерството, во Република Северна Македонија се работи на подобрување на усогласеноста со меѓународните стандарди поврзани со спречување на перењето пари и финансирање тероризам, како на пример препораките од Financial Action Task Force (FATF).  Со поддршка од Германскoто министерство за економска соработка и развој (BMZ), програмата во регионот на Балканот е активна од 2017 година. Од 2019 – 2022 кон оваа активност подоцна се придружува и Норвешкото Министерство за надворешни работи.

Преку  оваа глобалната програма се имплементираат активности кои фаворизираат иновативни решенија на проблеми, споделување знаење помеѓу партнерите во регионот и глобално, и ги споделува сознанијата и искуствата во меѓународните дебати.

Прочитај повеќе

Проект за борба против економски криминал

По завршување на првата фаза на Проектот против економски криминал со времетраење од мај 2016 до мај 2019 година, се продолжува со имплементација на втората фаза од Проектот фаза II, од мај 2019 до мај 2022 година. Втората фаза од Проектот против економски криминал во Република Северна Македонија (HFII – AEC-MKD) има за цел да ја зајакне довербата во владеењето на правото и демократијата во Северна Македонија преку зајакнување на анти-корупцијата, борбата против перење пари и борбата против финансирање тероризам. Проектот ќе ги поддржи надлежните органи за ефективно спроведување на неодамнешните клучни препораки од страна на телата за набљудување на Советот на Европа – Комитетот на експерти за евалуација на мерките против перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL) и Групата на држави против корупција (GRECO) и ќе придонесе кон соодветните реформските процеси во државата.

Прочитај повеќе

ПРОЕКТ ЗА БОРБА ПРОТИВ ЕКОНОМСКИ КРИМИНАЛ

На иницијатива на Управата за финансиско разузнавање, а со цел унапредување на капацитетите на системот за спречување и контрола на перење пари и финансирање тероризам, отпочна имплементацијата на Проектот за борба против економски криминал во Република Македонија. За реализација на проектните активности во времетраење од 36 месеци, предвиден е буџет од 1.350.000 евра, средства добиени од Европската Унија и Советот на Европа.

Проектот се имплементира од страна на Советот на Европа, а покрај Управата за финансиско разузнавање како негов главен корисник, вклучени се и: Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за финансии, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Народна банка на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност Агенцијата за супервизија на осигурување и претставници од приватниот сектор, како субјекти задолжени да преземаат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Прочитај повеќе