Имајќи предвид дека перењето пари и финансирањето на тероризмот претставуваат активности кои ги имаат транснационален карактер и дека за успешно функционирање на една единица за финансиско разузнавање потребно е истата да разменува податоци и информации со единиците од другите држави, заради тоа Управата за финансиско разузнавање посебно внимание посветува на унапредувањето на меѓународната соработка, регионалната соработка и билатералната меѓународна соработка.
Иако не претставува законски предуслов за размена на податоци и информации, но како начин за потврдување на севкупните напори за размена на податоци и информации со Единиците за финансиско разузнавање на другите држави, Управата за финансиско разузнавање поднесува иницијативи и потпишува Меморандуми за соработка и размена на податоци и информации.
До сега Управата за финансиско разузнавање има потпишано 49 Меморандуми за соработка, со Единиците за финансиско разузнавање од: Бугарија, Словенија, Србија, Албанија, Романија, Украина, Босна и Херцеговина, Полска, Русија, САД, Чешка, Косово, Луксембург, Молдавија, Црна Гора, Аруба, Белгија, Грузија, Тајван, Монако, Холандски Антили, Мексико, Гватемала, Турција, ОАЕ, Перу, Англија, Португалија, Белорусија, Нигерија, Латвија, Сан Марино, Норвешка, Аргентина, Канада, Естонија, Ерменија, Британски Девствени Острови, Малави, Унгарија, Израел, Австралија, Финска, Холандија, Андора, Бермуди, Бахами.