Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови ( giz Global Program Combating Illicit Financial Flows – GP IFF ) се фокусира на приносите од казнени дела. Незаконските активности можат да бидат спречени доколку се открие и спречи перењето на пари, како и надомести противрпавната имотна корист. За оваа цел програмата поддржува активности во четири региони на глобално ниво, од кој еден од нив се земјите од Западниот Балкан. Со партнерството, во Република Северна Македонија се работи на подобрување на усогласеноста со меѓународните стандарди поврзани со спречување на перењето пари и финансирање тероризам, како на пример препораките од Financial Action Task Force (FATF). Со поддршка од Германскoто министерство за економска соработка и развој (BMZ), програмата во регионот на Балканот е активна од 2017 година. Од 2019 – 2022 кон оваа активност подоцна се придружува и Норвешкото Министерство за надворешни работи.
Преку оваа глобалната програма се имплементираат активности кои фаворизираат иновативни решенија на проблеми, споделување знаење помеѓу партнерите во регионот и глобално, и ги споделува сознанијата и искуствата во меѓународните дебати.
Трите главни полиња на делување на програмата се:
- Превенција: Поддржување на партнерите во зајакнувањето на нивните законски рамки согласно меѓународните стандарди, поддржуваме систематски пристапи за зголемување на транспарентноста и олеснување на следењето на профитот од казниви дела.
- Финансиски истраги: Поддржување на партнерите при градењето на капацитетите за детектирање и истражување на економскиот криминалитет, зајакнување на домашната и регионална меѓу-агенциска соработка како и поддршка на земјите да тестираат нови истражни методи.
- Поврат и управување со средства стекнати од казниви дела: Поддржување на партнерите при зајакнување на системите за успешно лоцираање, замрзнување и повратат средства кои се поврзани со казнени дела. Проектот го реализира тоа со зголемување на соработката меѓу релевантните агенции на национално, регионално и глобално ниво.
Глобалната програма во Република Северна Македонија се реализира во повеќе полиња и во соработка со Управата за финансиско разузнавање, меѓу кои може да се напоменат:
- Етаблирање на регистаот на вистински сопственици,
- Подобрување на супервизијата на субјектите базирана на проценка на ризик кај истите преку низа тренинзи со меѓународни експерти
- Изработка на стратешка анализа за перење пари поврзани со коруптивни кривични дела,
- Проширување на техничките капацитети на УФР за стратешка анализа и водење на финансиски анализи преку надоградба на електронскиот систем,
- Соработка со граѓанскиот сектор во изработување на заедничка проценка на ризик за ризиците поврзани со финансирање на тероризам,
- Подобрување на јавната комуникација на УФР преку обнова на веб страницата и функционалностите на истата како и
- Размена на искуства со сродни агенции од регионот и глобално
За повеќе информации за Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови во нашата држава кликнете на следниот линк .