„Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање во Северна Македонија“ е проект што го спроведува Democracy Lab, невладина организација фокусирана на унапредување на демократијата во Северна Македонија, а финансиран и поддржан од страна на Кралството Холандија.
Во рамки на овој проект во соработка со Управата за финансиско разузнавање се организираат активности и имплементираат алатки кои имаат за цел зајакнување на целокупните институционални капацитети како и оперативно-техничко фунцкионирање на Управата преку:
- Развивање на ограничувачкиот дел од веб -страницата на УФР наменет исклучиво за сите субјекти задолжени за преземање мерки и активности за спречување перење пари и финансирање тероризам во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам (ЗСППФТ) и мерки во согласност со Законот за рестриктивна мерка
- Обозбедување на помош во процесот на ажурирање на индикаторите за идентификување сомнителни активности поврзани со финансирање тероризам преку ангажман на меѓународни експерти;
- Обезбедување на помош и ангажирање на експерти да и помогнат на работната група формирана од Министерот за финансии која има задача да подготви анализа за потребата од регулација на виртуелните односно крипто-средствата во согласност со препораките на ФАТФ и директивите на ЕУ;
- Усвојување нова методологија и надградба на системот за понатамошно подобрување на квалитетот и способноста на УФР за спроведување на стратешки анализи за утврдување на трендовите и типологиите на перење пари и финансирање тероризам;
- Поддршка при зајкнување на соработката со Финансисо- разузнавачката единица на Кралството Холандија, што ќе резултира со размена на најдобри практики и дополнително ќе ја подобри соработката и споделувањето информации помеѓу Единиците;
- Обезбедување стручна помош за време на процесот на имплементација на стандардот ISO 9001: 2015