Република Северна Македонија во периодот од 21 септември до 4 октомври 2022 година беше домаќин на тимот евалуатори од Комитетот на експерти на Советот на Европа за евалуација на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам (MONEYVAL) во рамки на реализирањето на 5-тиот круг од оценската мисија во поглед на целокупниот систем за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Целта на оваа поседа е да се процени техничката усогласеност на земјата со меѓународните стандарди на ФАТФ додедка пак фокусот беше ставен на проценување на степенот на ефикасното спроведување на меѓународните стандарди за спречување на перење пари и борба против финансирање тероризам во пракса, односно степенот на подготвоност на националните надлежни органи во борбата против перење пари и финансирање на тероризам. Оцеснката мисија се спроведува согласност со методологијата на Работната група за финансиска акција (ФАТФ) од 2013 година.
Тимот на евалуатори беше составен од експерти на Комителот MONEYVAL од евалуатори од областа на легислативата, финансиски евалуатори како и евалуатори со искуство од областите на водење истраги и работењето на органите на прогонот, а потпомогнати од членови на Секретаријатот на MONEYVAL.
На отворањето на теренската посета, министерот за финансии на Северна Македонија, г-дин Фатмир Бесими, ја истакна посветеноста на земјата во борбата против перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на ширењето на оружјето за масовно уништување, презентираќи ги накратко активностите коишто се преземени на национално ниво.
За време на посетата беа остварени бројни состаноци со претставници на надзорните органи, како и преставници на истражните органи, јавното обвинителство и судскиот систем. Тимот на евалуатори се сретна и со претставници на приватниот сектор (вклучувајќи банки, даватели на услуги за виртуелни средства, нотари, адвокати и адвокатски друштва, агенти за недвижности, казина итн.) како и претставници на непрофитни организации, преку кои евалуаторите требаа да добијат реална слика за степенот на спроведување на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Во РСМ процесот на 5-от круг на евалуација започна во Септември 2021 година (кога се спроведе првиот чекор од процесот на евалуација) ќе биде спрведена обука т.н. тренинг – Country training од страна на Moneyval Комитетот на тимот составен од претставници на надлежните институции на РСМ), a ќе заврши со усвојување на Извештај за државата на пленарна седница на Комитетот во мај 2023 година.
Оценка на ефикасноста на системот против ППФТ се врши согласно идентификуваните 11 непосредни резултати – Immediate Outcomes (IO) и се оценува најнапред Националната проценка на ризиците од ППФТ како и разбирањето на државата за овие ризици, функционалноста на механизмите за соработка и координација меѓу надлежните институции од системот против ППФТ; ефикасноста на меѓународната соработка на државата во однос на ППФТ; ефикасноста на работата на органите за надзор – супервизорите и нивните резултати во однос на ефикасност на супервизијата за СППФТ; ефикасното спроведување на мерките против ППФТ од страна на приватниот сектор, односно т.н.субјекти на мерките и дејствијата од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам; ефикасноста на системот кој е воспоставен со цел заштита на правните лица од злоупотреби за целите на ППФТ; ефикасноста на работата на Управата за финансиско разузнавање како национална единица за финансиско разузнавање (т.н. Financial Intelligence Unit – FIU); ефикасност на кривичниот прогон на сторителите на кривични дела перење пари – ефикасност на истрагите, обвиненијата, пресудите и санкциите; ефикасност на системот на конфискација на нелегално стекнати приходи; ефикасноста на институциите задолжени за водење истраги и покренување на обвиненија во однос на финансирање на тероризам; ефикасност на системот за спречување на злоупотребите на финансискиот систем за целите на финансирање на тероризам и злоупотреба на непрофитниот сектор, како и ефикасна имплементација на меѓународните рестриктивни мерки кон лица кои се на листи на санкции за тероризам и ефикасност на системот на имплемантција на меѓународни рестриктивни кон лица кои финансираат пролиферација (распространување) на оружје за масовно уништување.
Согласно методологијата,наведеното целокупно оценување е предмет на рангирање со оценки од неусогласеност до комплетна усогласеност кај техничката усогласеност (NC non-compliant– неусогласеност, PC-partially compliant- делумна усогасеност, LC –largely compliant- висок степен на усогласеност и C –compliant – целосна усогласеност), како и оценки во однос на ефикасноста – ниска ефикасност (low), умерена (moderate), значителна (substantial) и висока (high). Добивањето на голем број неповолни оценки за системот против ППФТ на државата (пр. NC и PC во делот на техничката усогласеност и low и moderate во однос на ефикасноста), води кон преземање на соодветни мерки од страна на Moneyval Комитетот или ФАТФ кон државата за надминување на утврдените слабости преку спроведување на засилен мониторинг, а често и рангирање на државата како „некооперативна и со слабости и недостатоци во системот против ППФТ“ што води кон поставување на државата на т.н. сива или црна листа – што има крајно неповолни ефекти во однос на сите области од функционирањето на државата, а особено негативен ефект врз нејзината репутација и нејзиниот финансиски систем (големи финансиски загуби и сл.).
Координатор на целокупниот процес со комеитетот MONEYVAL е Управата за финансиско разузнавање.
Соопштението од страна на Комитетот е достапно на следниот линк.