На 57-тата Пленарна седница на MONEYVAL Комитетот при советот на ЕУ која се одржуваше во периодот од 3-7 декември 2018 година, беше усвоен предлогот на Секретаријатот со кој беше побарано Република Северна Македонија да биде тргната од обврската за зачестено известување на Комитетот за сите активности кои ги преземаат властите, а во насока на отстранување на недостатоците кои се утврдени со 4-тиот Круг на оценување односно со Извештајот од 2014 година.
Имено, по усвојувањето на Извештајот од 4тиот круг на оценување , Република Северна Македонија беше ставена во постапка за т.н „ регуларно зачестено следење“ и имаше обврска во април 2015 година дополнително да го извести Комитеот за преземените активности по однос на идентификуваните недостатоци, а кои беа нотирани со извештајот од 2014 година.
Веќе во април 2015 година, на Пленарната седница се потврди напредокот постигнат од нашата дражва (особено во однос на препораката 5 и препораката 13), преку донесувањето на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Во април 2016 година, на 50-та на Пленарната седница беше утврдено дека е постигнат напредок во решавањето на недостатоците поврзани со финансирање на тероризмот кои произлегуваат од Специјалните Препораки на ФАТФ под реден број 1,2, 4 и 5, преку подобрувањето на Кривичното законодавство.
На 52- рата Пленарна Седница која се одржа во декември 2016 година, MONEYVAL Комитетот ја потврди финализацијата на Националната проценка на ризикот, процес кој започна во 2014 година. Сепак, Секретаријатот забележа дека недостатоците во рамките на Специјалната препорака 3 и Препораката 23 остануваат значителни. Властите беа охрабрени да донесат што е можно поскоро нов Закон за меѓународни рестриктивни мерки, што би донело клучни подобрувања во имплементација на „Специјалната препорака 3“ особено преку воспоставување правна рамка за спроведување на Резолуцијата број 1373 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Нашата држава беше исто така беше охрабрена да ги засили напорите за отстранување на недостатоците поврзани со сишервизијата .
На 56-та пленарна средба на MONEYVAL, во јуни 2018 година беше нотирано дека Република Северна Македонија оствари напредок во решавањето на недостатоците на Специјалните препораки на ФАТФ бр. 1, 2, 3, 4 и 5 преку усогласување на кривичната легисатива, односно на кривичното дело финансирање на тероризам за кое овој пат беше нотирано дека е во согласност со Конвенцијата на ОН. Во однос на Специјалната препорака 3, донесувањето на новиот Закон за рестриктивните мерки го донесе нивото на усогласеност и имплементирање на ваквите препораки во националното законодавство до ниво кое еквивалентно на т.н „голема усогласеност“.
Помеѓу 56-тата и 57-мата Пленарна седница, а во врска со недостатоците утврдени со препораката 23, од анализата на Секретаријатот се заклучува дека со усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за супервизија на осигурување, земјата има постигнато значителен напредок од последниот Пленарен состанок. На тој начин Секретаријатот препозна дека препораката 23 (која беше една од клучните препораки) може да се смета дека има ниво на усогласеност со националното законодавство еквивалентно на „голема усогласеност“.
Како резултат на тоа, Секретаријатот сметаше дека „Република Северна Македонија “ е во позиција за излез од редовната процедура за следење, имајќи предвид дека сите основни и клучни препораките оценети како „делумно усогласени“ во претходниот круг беа донесени на ниво на усогласеност кое е еквивалентно на „ голема усогласност“, па така како резултат на тоа, секретаријатот предложи до Комитетот да се размисли за отстранување на Република Северна Македонија од понатамошниот процес.
Така, на 57-та Пленарна седница на Комитетот беше одлучено Република Северна Македонија да биде ослободена од обврската за зачестено известување и следење на преземените активности и отстранета од овој процес.
Нотата на секретаријатот можете да ја погледете на следниот линк