Во најновото рангирање на реномираната тинк-тенк организација „Basel Institute on Governance“, Република Северна Македонија се наоѓа на 31-вото место според индексните поени од вкупно 164 држави предмет на анализа, оставајќи ги зад себе држави неколку европски држави како Кралството Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Романија Бугарија и многу други. Гледано по региони, Црна Гора и Северна Македонија имаат највисок индекс како држава со најнизок ризик за перење пари и финансирање на тероризам за Источна Европа и Централна Азија.
Според Базелскиот индекс за спречување на перење пари (ML/TF), Сан Марино ја предводи листата на држава со најдобар систем за спречување перење пари и финансирање на тероризам додека пак Мјанмар, Хаити и Конго се најризични држави со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
„Basel AML index“ е независно годишно рангирање според проценетиот ризик од перење пари и финансирање на тероризам (ML / TF) низ целиот свет”. Според напредокот нотиран во извештајот произлегува дека Република Северна Македонија за овој период успеала да ја зајакне регулатива за спречување перење пари и финансирање на тероризам, презела активни мерки за унапредување на системот за водење на финансиски истраги, ја зајакнала меѓународната соработка на ова поле, се подобрила слободата на говорот како и положбата на медиумите во нивната контролна улога при објавувањето и известувањето за криминални активности, ја зајакнала регулативата на полето на финансискиот и нефинансискиот сектор во поглед на органите кои вршат надзор и ја зголемила транспарентноста и интегритетот на јавните институции.
Формирањето на индексните поени се врши врз основа на повеќе показатели и врз основа на неколку индикатори и тоа:
- Слабоста/ефикасноста на државните институции,политичките права и владеењето на правото
- Ниско ниво на финансиска/политичка транспарентност
- Слобода на говор
- Недостаток на ресурси за контрола на финансискиот систем
- Кеш – ориентирани економии
- Високо ниво на активности поврзани со нелегален шверц и трговија ( дрога, трговија со луѓе итн.)
Лоциран во Швајцарија, Базелскиот институт соработува со Универзитетот во Базел, а воедно и соработува со интернационалните организации институции како што се Светска банка, Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC), Организација за економска соработка и развој (OECD), Советот на Европа, Меѓународниот монетарен фонд, Егмонт Групацијата и Интерпол.
Извештајот од 2024 година можете да го најдете на следниот линк