Во службен весник на Република Северна Македонија број 240/2024 од 25.11.2024 година објавени се објавени подзаконски акти коишто произлегуваат од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.Согласно член 198 од ЗСППФТ се пропишува дека, позаконските акти донесени согласно со Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија” број 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 275/19 и 317/20) продолжуваат да се применуваат до денот на донесувањето на подзаконските акти утврдени со овој закон.
Врз осова на тоа „Правилникот за формата и содржината на извештајот за сомневањата за перење пари и/или финансирање на тероризам („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 57/19)“, Правилникот за формата и содржината на извештајот за готовинска трансакција во износ од 15.000 евра во денарска противвредност или повеќе („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 57/19), Правилникот за карактеристиките на софтверот за автоматска обработка на податоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 57/19), Правилникот за формата и содржината на нумерираниот регистар што го водат брокерските куќи и банките со дозвола за работа со хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија” бр. 243/18) и Правилникот за формата и содржината на нумерираниот регистар што го водат субјектите кои имаат дозвола за менувачко работење („Службен весник на Република Македонија” бр. 243/18) престанаа да важат заклучно со 26.11.2024 година.
Правилник за формата на нумерираниот регистар за субјектите од член 5 од законот преставува интегриран правилник за сите субјекти за кои веќе постоеше таква обврска дополнет со новите субјекти кои беа воведени со законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам од 2022 година. Оттука, овој правилник со кој се уредува начинот на водењето на евиденцијата за трансакциите или деловните односи со клиентите сега е задолжителен и за лицата коишто тргуваат или посредуваат во трговија со уметнички дела како и давателите на услуги поврзани со виртуелни средства.
Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престануваат да важат Правилникот за формата и содржината на нумерираниот регистар што го водат брокерските куќи и банките со дозвола за работа со хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија” бр. 243/18) и Правилникот за формата и содржината на нумерираниот регистар што го водат субјектите кои имаат дозвола за менувачко работење („Службен весник на Република Македонија” бр. 243/18).
На линкот подолу можете да ги пронајдете и преземете новите правилници, а истите се достапни и во категоријата „Подзаконски акти“.
- ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, ВИДОТ И КАТЕГОРИИТЕ НА ПОДАТОЦИ ОД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СОМНЕВАЊАТА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И/ИЛИ ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
- ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ГОТОВИНСКА ТРАНСАКЦИЈА ВО ИЗНОС ОД 15.000 ЕВРА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ИЛИ ПОВЕЌЕ
- ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА НА НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ДАВАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ВИРТУЕЛНИ СРЕДСТВА, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ СУБЈЕКТИТЕ КОИ ВРШАТ МЕНУВАЧКИ РАБОТИ, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ БРОКЕРСКИТЕ КУЌИ И БАНКИТЕ СО ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА СО ХАРТИИ ОД
ВРЕДНОСТ, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ЛИЦАТА КОИ ТРГУВААТ ИЛИ ДЕЈСТВУВААТ КАКО ПОСРЕДНИЦИ ВО ТРГОВИЈА СО УМЕТНИЧКИ ДЕЛА И НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ЛИЦАТА КОИ СКЛАДИРААТ, ТРГУВААТ ИЛИ КОИ ДЕЈСТВУВААТ КАКО ПОСРЕДНИЦИ ВО ТРГОВИЈА СО УМЕТНИЧКИ ДЕЛА КОГА АКТИВНОСТА СЕ ОДВИВА ВО СЛОБОДНИ ЗОНИ - ПРАВИЛНИК ЗА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА СОФТВЕРОТ ЗА АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ
Напомена: Субјектите се должни веднаш да го усогласат своето работење со одредбите со Подзаконски акти коишто произлегуваат од ЗСППФТ.