Новите подзаконски акти коишто произлегуваат од ЗСППФТ стапуваат на сила од 26.11.2024 година

Во службен весник на Република Северна Македонија број 240/2024 од 25.11.2024 година објавени се објавени подзаконски акти коишто произлегуваат од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.Согласно член 198 од ЗСППФТ се пропишува дека, позаконските акти донесени согласно со Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република…

Владата ја усвои уредбата со законска сила за примена на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам за време на вонредна состојба

Владата на Република Северна Македонија на нејзината 64-та седница ја усвои „Уредбата со законска сила за примена на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам за време на вонредна состојба“ со која се утврдува начинот на ажурирање на документите и податоците за идентификација на клиентите, ополномоштувачите или вистинските сопственици и ополномоштувачи во услови…

Правилник за содржината и видот на податоците кои нотарите, банките, давателите на услуги на парични дознаки (брз трансфер на пари), осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот, правните лица чија дејност е купопродажба на возила, приредувачите на игри на среќа во играчница (казино) и другите приредувачи на игри на среќа ги доставуваат до управата за финансиско разузнавање и начинот на нивно електронско доставување

Со овој правилник се пропишува содржината и видот на податоците кои нотарите, банките, давателите на услуги на парични дознаки (брз трансфер на пари), осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот, правните лица чија дејност е купопродажба на возила, приредувачите на игри на среќа во играчница (казино) и другите приредувачи на игри на среќа…

Правилник за формата и содржината на извештајот за готовинска трансакција во износ од 15.000 ева во денарска противвредност или повеќе

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на извештајот за готовинска трансакција во износ од 15.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија или повеќе без оглед дали станува збор за една трансакција или повеќе очигледно поврзани трансакции. Превземи го документот

Правилник за формата и содржината на извештајот за сомневањата за перење пари и/ или финансирање на тероризам

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на извештајот за сомневањата за перење пари и/или финансирање на тероризам. Превземи го документот

Правилник за формата и содржината на нумерираниот регистар што го водат брокерските куќи и банките со дозвола за работа со хартии од вредност

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на нумерираниот регистар што го водат брокерските куќи и банките со дозвола за работа со хартии од вредност. Превземи го документот

Правилник за формата, содржината, начинот на издавање, одземање и користење на службената легитимација на вработените во управата за финансиско разузнавање

Со овој правилник се пропишува формата, содржината, начинот на издавање, одземање и користење на службената легитимација (во понатамошниот текст: легитимација) на вработените во Управата за финансиско разузнавање. Превземи го документот

Правилник за начинот на оценување на работењето на финансиските разузнавачи, видовите на извештаи, формата и содржината на образецот за оценување и другите обрасци

Со овој правилник се пропишуваат начинот на оценување на финансиските разузнавачи, видовите на извештаи, формата и содржината на образецот за оценување на финансиските разузнавачи и другите обрасци. Превземи го документот