Владата на Република Северна Македонија на нејзината 64-та седница ја усвои „Уредбата со законска сила за примена на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам за време на вонредна состојба“ со која се утврдува начинот на ажурирање на документите и податоците за идентификација на клиентите, ополномоштувачите или вистинските сопственици и ополномоштувачи во услови на примена на мерки за заштита и ширење на пандемијата КОВИД-19.
На субјектите кои имаат обврска за применување на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, а во делот на постојаното следење на деловен однос им се овозможува, ажурирање на податоците за својот клиент, ополномоштувачот или вистинскиот сопственик со користење на т.н „новите технологии“. Ова подразбира секаков тип на апликации и сервиси со кои се исполнуваат оперативно-технички услови за верификација односно автентикација заради сигурно и веродостојно обезбедување на тие документи и податоци.
Дополнително, на субјектите им се остава можност за непречено продолжување на работењето со клиентите од низок ризик кои го немаат ажурирано своето клиентско досие за време на траење на вонредната состојба како и 180 дена по завршувањето на вонредната состојба и само доколку клиентите извршуваат трансакции во рамките на вообичаеното деловно работење со субјектот
Уредба со законска сила ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, како и 180 дена (6 месеци) по престанувањето на траењето на вонредната состојба.
Уредбата е достапна на следниот линк