Со својата јавна објава од 17-ти Јуни 2022 година, ФАТФ ги додаде Гиблартар на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Малта повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем.
Од почетокот на пандемијата со КОВИД- 19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови и обврски за известување за напредокот и преземените мерки во насока на подобрување на системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
ФАТФ на постојана основа идентификуваше дополнителни јурисдикции кои имаат стратешки недостатоци во нивните системи за борба против перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. Голем број јурисдикции сè уште не се разгледани од ФАТФ или нивните регионални тела (FSRB), но ќе бидат во догледно време.
Од почетокот на пандемијата КОВИД-19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови за известување за напредокот на доброволна основа. ФАТФ го разгледаа нивниот напредокот од Март 2022 година на следните јуриздикции: Албанија, Барбадос, Буркина Фасо, Камбоџа, Кајмански Острови, Хаити Јамајка, Јордан, Мали Малта, Мароко, Мјанмар, Никарагва, Пакистан, Панама, Филипини, Сенегал, Јужен, Судан, Туркије и Уганда. За овие земји, ажурираните информации за моменталниот статус на јуриздикцијата се наведени во јавната објава на долунаведениот линк.
По продолжувањето со својата работа, ФАТФ сега ги идентификуваше Гиблартар како државa со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Објавата на ФАТФ од 22-ри Јуни можете да ја погледнете на следниот линк.
Јавната објава на ФАТФ од Март 2022 година, можете да ја погледнете на линкот подолу.