Со својата јавна објава од 4-ти Март 2022 година, ФАТФ ги додаде Обединетите Арапски Емирати на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Зимбабве повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем.
Од почетокот на пандемијата со КОВИД- 19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови и обврски за известување за напредокот и преземените мерки во насока на подобрување на системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
ФАТФ на постојана основа идентификуваше дополнителни јурисдикции кои имаат стратешки недостатоци во нивните системи за борба против перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. Голем број јурисдикции сè уште не се разгледани од ФАТФ или нивните регионални тела (FSRB), но ќе бидат во догледно време.
Од почетокот на пандемијата СОВИД-19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови за известување за напредокот на доброволна основа. ФАТФ го разгледаа нивниот напредокот од октомври 2021 година на следните јуриздикции: Албанија, Барбадос, Буркина Фасо, Камбоџа, Кајмански Острови, Јамајка, Малта, Мароко, Мјанмар, Никарагва, Пакистан, Панама, Филипини, Сенегал, Јужен Судан, Уганда и Зимбабве. За овие земји, ажурираните информации за моменталниот статус на јуриздикцијата се наведени во јавната објава на долунаведениот линк.
Јордан, Мали, Хаити и Турција добија можност и избраа да го одложат известувањето; Така, изјавите издадени во јуни и октомври 2021 година за овие јурисдикции се вклучени исто така, но ФАТФ наведува дека истите не мора да го одразуваат најновиот статус на системот на јурисдикцијата
По продолжувањето со својата работа, ФАТФ сега ги идентификува и Обединетите Арапски Емирати (UAE) како државa со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Објавата на ФАТФ од 4-ти Март можете да ја погледнете на следниот линк.
Јавната објава на ФАТФ од Октомври 2021 година, можете да ја погледнете на линкот подолу.