Со својата последна објава од Јуни 2022 година, ФАТФ повторно ги изразува своите најдлабоки сочувстви за народот на Украина и изразува жалење за огромната загуба на животи и непотребното уништување предизвикано од тековната Руска инвазијa над Украина. Притоа, ФАТФ наведува дека Руските дејства се спротивни на основните принципи кои имаат за цел да ја промовираат безбедноста како и безбедноста и интегритетот на глобалниот финансиски системи. Тие, исто така, претставуваат грубо кршење на заложбите за меѓународна соработка и меѓусебно почитување врз основа на кои членките на ФАТФ се согласија да ги имплементираат и поддржат стандардите за спречување перење пари, финансирање на тероризам и финансирање на пролиферација.
ФАТФ ја препознава улогата што Руската Федерација ја одигра во развојот на Глобалната мрежа во евроазискиот регион откако тие се приклучија на ФАТФ во 2003 година, сепак, како резултат на инвазијата одлучи да ја ограничи улогата и влијанието во рамките на ФАТФ. Конкретно, Руската Федерација повеќе не може да има лидерски или советодавни улоги или да учествува во одлучувањето за поставување на стандардите, да учествува во процесите на евалуација, управувањето како и прашањата за членството. Руската Федерација, исто така, повеќе не може да обезбедува оценувачи, рецензенти или други експерти за процесите на евалуација од ФАТФ.
По јавните соопштенија во март и април 2022 година, ФАТФ продолжува да ги повикува сите јурисдикции да останат внимателни за заканите по интегритетот, безбедноста и безбедноста на меѓународниот финансиски систем што произлегуваат од агресијата на Руската Федерација во Украина. ФАТФ повторува дека сите јурисдикции треба да бидат внимателни за можните ризици кои се појавуваат од заобиколувањето на мерките преземени со цел да се заштити меѓународниот финансиски систем.
Соопштението на ФАТФ од Јуни 2022 година можете да го погледнете на следниот линк.
Во март 2022 година ФАТФ го објави соопштение во кое иницијално наведе дека активностите на Владата на Руската Федерација се спротивни на основните принципи на ФАТФ и претставуваат грубо кршење на заложбата врз која министрите на ФАТФ се согласуваат да ги имплементираат и поддржат стандардите на ФАТФ.
ФАТФ ги повика надлежните органи на сите јурисдикции да дадат напатсвија и да го олеснат споделувањето информации со приватнот сектор за идентификување, проценување и намалување на какви било ризици за ПП/ФТ и ФП, вклучително и во врска со виртуелните средства, како и други закани за меѓународната безбедност и безбедност од регионот.
ФАТФ понатаму наведе дека злонамерната сајбер активност насочена кон финансиските институции и системи го поткопува финансискиот интегритет и стабилност и може да ја загрози способноста на приватниот сектор и надлежните органи да ги спроведуваат и следат основните контроли и механизми за СПП/СФТ. Таквата активност може да го спречи пристапот до финансиските услуги за легитимните корисници кои имаат потреба да пристапат до виталните услуги.
Во Март 2022 година, ФАТФ ја повтори најголемата важност да се осигура дека непрофитните организации (НПО) и сите други хуманитарни чинители можат да обезбедат хуманитарна помош потребна во регионот како и на други места, без одлагање или било кавки прекини. Во истата прилика ФАТФ ги потсети сите јурисдикции дека стандардите на ФАТФ кои се однесуваат за непрофитниот сектор (НПО) не може да се користат за да се оправда заплашувањето или репресијата на легитимните цели на хуманитарните активности.
ФАТФ забележа дека сите јурисдикции треба да внимаваат на можноста за појава на ризици од заобиколување на мерките преземени со цел да се заштити меѓународниот финансиски систем од ризиците на ПП/ФТ/ФП кои произлегуваат од руската агресија врз Украина.
Соопштението на ФАТФ од март 2022 година можете да го погледнете на следниот линк.