Согласно член 19 став (10) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 04.07.2022, Управата за финансиско разузнавање подготви Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик на фондациите кое има цел да им помогне на фондациите и субјектите да го разберат концептот на вистински сопственик кај фондациите и на тој начин содветно да ги применуваат мерките за анализата на клиентите.Ова упатство претставува составен дел на Упатството за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик од Октомври, 2018 година. Обврската за идентификација на вистинските сопственици е клучен елемент од принципот на „познавање на клиентот“, вклучувајќи го и разбирањето, целта и природата на деловниот однос. Очекувањата кои што се зададени во препораките и насоките кои се однесуваат за високо ризични и сложени случаи предвидуваат многу обврски за субјектите, особено во делот на потврдувањето на идентитетот, како и во делот на разбирањето и логиките односно рационалноста во расчленувањето на сложените сопственички структури кои водат кон физичкото лице т.е лицата кои што се дефинирани како вистински сопственици согласно ЗСППФТ.
Како резултат на Усогласувањето со 5-тата Директива на ЕУ за спречување на употреба на финансискиот систем на унијата за целите на перење пари и финансирање на тероризам во Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 04.07.2022 година објавен e Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кој стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето, односно на 12.07.2022 година. Овој закон, како и претходниот, во поглед на прашањата со регистарот на вистински сопственици, обврската за чување на податоци и информации за вистинскиот сопственик од страна на правните субјекти и нивно запишување во суштина останува непроменет. Сепак, како резултат на усогласувањето со Законодавството на ЕУ, новиот текст на законот во член 22 предвидува нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите што е подетално образложено во ова Упатство.
Упатството за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик на фондациите можете да го превземете на следниот линк.