Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 13-ти Септември ја усвои Одлука за воведување на финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање кон 15 македонски државјани за кои постојат основани сомевања дека се односно биле вклучени во активности на тероризам и негово финансирање односно преку учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски единици.
Согласно член 2 од одлуката, рестриктивните мерки коишто се воведуваат кон посочените лица преставуаат финансиски мерки, а согласно член 5 став (1) точка 4 од Законот за рестриктивни мерки се однесуваат на забрана за користење, пренос, конверзија, трансфер или друг вид на располагање со имот, забрана на ставање на располагање на било каков имот, директно или индиректно, како и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.
Врз основа на гореизнесеното, субјектите согласно член 5 од ЗСППФТ, како субјекти коишто задолжително применуваат рестиктивни мерки согласно Законот за рестриктивни мерки како и Катастарот на невиджности се должни да замрзнат било каков имот во било кој облик и средства со кој што располагаат лицата за кои се однесува одлуката, односно да го оневозможат располагање со таквиот имот или средства, односно да одбијат деловен однос или извршување на трансакција согласно член 2 од одлуката и при тоа да ја известат Управата за активностите коишто се спроведени.
Субјектите се должни да ги проверат своите клиентски портфолија во случај доколку лицата означени согласно одлуката се нивни постоечки клиенти или биле нивни клиенти во изминатиот период, а при известувањето и постапувањето согласно рестриктивните мерки субјектите задолжително да го имаат предвид „Упатство за постапување по финансиски рестриктивни мерки против тероризам и пролиферација“ достапно на следниот линк.
ОДЛУКАTA ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ МЕРКИ ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ И ШИРЕЊЕ (РАСПРОСТРАНУВАЊЕ) НА ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ И НИВНО ФИНАНСИРАЊЕ кон 15 домашни лица – резиденти можете да ја пронајдете на следниот линк.