Согласно одредбите од Законот за сперчување перење пари и финансирање на тероризам, на иницијатива на Управата за финансиско разузнавање се изврши ажурирање и дополнување на листата на индикатори за препознавање на соимнителни трансакции. Направените измени и дополнувања произлегуваат од Извешјтајот за спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, Извештајот за ризиците од финансирање на терроизам за НПО секторот и дадените препораки во извештаите на ФАТФ.
Новите индикатори се однесуваат на активности поврзани со НПО, активности поврзани со финансирање на тероризам и истите им овозможуваат на субјектите да имаат ризично – базиран пристап кон спроведувањето на активности насочени кон навремено препознавање на трансакции, кои треба да бидат предмет на засилена анализа заради утврдување на потребата за доставување на извештај за сомнителна трансакција до Управата за финансиско разузнавање. Овие индикатори, опфаќаат и индикатори за препознавање на сомнителни трансакции за финансирање на оружје за масовно уништување.
Новите листи на индикатори се изработени во соработка со субјектите и органите кои вршат надзор врз нивното работење, а нивната подготовка е поддржана од страна на USAID и Амбасадата на Кралството Холандија. Имено, подготвувањето на овие индикатори е резултат на широка и реална, професионална дискусија која активно се водеше на седум работилници, организирани од страна на здружението Конект имплементатор на Проектот за граѓанско учество на USAID и Democracy Lab имплементатор на Проектот за зајкнење на капацитетите на УФР.
Одлуката за изменување и дополнување на новата листа на индикатори и листата на индикатори може да ја најдете на следниот линк.