Ова Упатство е изготвено со цел да им овозможи на обврзниците и надлежните институции практични насоки за правилна, навремена и доследна примена на Законот за рестриктивни мерки. Документот ги објаснува законските обврски и постапките за спроведување на финансиските рестриктивни мерки, со посебен акцент на препознавањето и спречувањето на располагање со средства и имот во корист на лица и субјекти кои се предмет на санкции.
Упатството ги опфаќа видовите рестриктивни мерки, правните основи за нивно воведување, субјектите кои имаат обврска да ги применуваат, како и начинот на идентификација и проверка на лица и субјекти преку консолидираните листи. Дополнително, содржи насоки за воспоставување механизми за следење и детекција, постапување при утврдени совпаѓања, замрзнување на средства и имот, известување до Управата за финансиско разузнавање и комуникација со надлежните институции.
Со ова Упатство се зајакнува практичната примена на рестриктивните мерки, се унапредуваат механизмите за спречување на нивното заобиколување и се придонесува кон усогласување со меѓународните стандарди, зачувување на меѓународниот мир и безбедност и зајакнување на владеењето на правото.
Упатството е достапно на следниот линк.
Извештај за споведувањето на рестрикривната мерка е достапно на следниот линк.

