Со својата јавна објава од 25-ти февруари 2021 година, ФАТФ ги додаде Буркина Фасо, Кајманските Острови, Мароко и Сенегал на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“.
Во октомври 2020 година, ФАТФ одлучи да ја продолжи својата работа за идентификување на јурисдикции со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање тероризам. Имено, приоритет им бил даден на јурисдикциите под засилен мониторинг за да го информираат ФАТФ за напредокот кој го имаат постигнато односно активностите кои ги имаат превземено за унапредување на системот за борба против перење пари и финансирање на тероризам. Во октомври од страна ФАТФ беше разгледан напредокот на следните земји Албанија, Боцвана, Камбоџа, Гана, Маурициус, Мјанмар, Никарагва, Пакистан, Панама, Уганда и Зимбабве, а за истите, ажурираните забелешки можат да се погледнат на линкот подолу.
Барбадос и Јамајка избрале да го одложат известувањето за напредокот поради пандемијата, така, забелешките издадени во февруари 2020 година за овие јурисдикции се вклучени, но тие не мора да го одразуваат тековниот статус на системот за борба против перење пари и финансирање на тероризам на јурисдикцијата.
Со продолжувањето на своите активности, ФАТФ сега ги идентификува и Буркина Фасо, Кајманските Острови, Мароко и Сенегал како јурсдикции кои имаат стратешки недостатоци во системите за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
За повеќе информации за листата на ФАТФ на „Јурисдикции под засилен мониторинг“„ можете да погледнете на следниот линк
Јавната објава на ФАТФ од 23-ти Октомри 2020 година можете да ја погледнете на следниот линк
ФАТФ – Јурисдикции под засилен мониторинг (23 Октомври 2020)