Јурисдикциите под засилен мониторинг активно работат со FATF за решавање на стратешките недостатоци во нивните системи за борбата против перењето пари, финансирањето тероризам и пролиферација на оружје за масовно уништување.
Кога ФАТФ посочува јурисдикција под засилен мониторинг, тоа значи дека земјата се обврзала брзо да ги реши идентификуваните стратешки недостатоци во одредена временска рамка и во тој период истата е предмет на засилен мониторинг од страна на ФАТФ. Оваа листа честопати е наречена и како „сива листа“.
Регионалните тела во стилот на FATF и FATF (FSRB) продолжуваат да работат со јурисдикциите кои имаат обврска да известуваат за постигнатиот напредок во решавањето на идентификуваните стратешки недостатоци.
FATF, на постојана основа, продолжува да идентификува јурисдикции кои имаат стратешки недостатоци во нивните системи за борба против перењето пари, финансирање тероризам и пролиферација на оружје за масовно уништување.
На следниот линк можете да ја погледнете последната објава од стрна на ФАТФ.