Во рамките на проектот поддржан од Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови (GIZ Global Program Combating Illicit Financial Flows), спроведуван од Здружение Конект и Human Security Collective, за надлежните институции, верските заедници и религиозните групи, беше организирана он-лајн консултативна средба на 29 септември 2021 година на која беа презентирани клучните наоди од компаративната анализа за религиските организации во РСМ и системот за борба против финансирање тероризам/ перење пари.Управата за финансиско разузнавање, како партнер во имплементацијата на овој проект, беше дел од оваа активност.
Верските заедници и религиозните групи имаат свое значење во процесот на превенција од финансирање на тероризам и спречување на ширење на појави на тероризам и насилен екстремизам. Од оваа причина, како посебна форма на непрофитна организација согласно меѓународните стандарди дефинирани од страна на ФАТФ, верските заедници и религиозните групи, покрај здруженијата на граѓани, беа предмет на анализа во процесот на проценка на ризиците во непрофитниот сектор од финансирање тероризам. Проценката е направена од страна на работна група предводена од Управата, каде активно учество зедоа клучни чинители меѓу кои надлежните државни институции, непрофитните организации од РСМ, координирани од страна на Конект, Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на РСМ и други. Потребата за спроведување на овој тип на анализа, која треба да има за своја крајна цел унапредување на интегритетот и механизмите за транспарентност, произлезе од Проценка на ризикот од финансирање на тероризам за непрофитните организации. За реализација на оваа активност, која исто така е планирана и со Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, е формирана работна група за спроведување на Компаративната анализа. На оваа средба им се овозможи на засегнатите страни преку консултативен процес да се вклучат во дефинирање на клучните наоди од анализата, да се отвори дијалогот и да се дефинираат заклучоци кои ќе се земат предвид при финализирање на анализата.
Следствена активност по консултативната средба е претставување на наодите на регионален форум со претставници од земјите од Западен Балкан, кој се предвидува во текот на октомври 2021 година.
Во рамките на проектот поддржан од Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови (GIZ Global Program Combating Illicit Financial Flows), спроведуван од Здружение Конект и Human Security Collective, за надлежните институции