Комитетот MONEYVAL го започна својот 5-ти круг процес на евалуација на Северна Македонија со отпочнување на првата фаза од постапката односно со одржување на дводневен т.н „Country Training“ кој се одржа на 14-ти и 15-ти Октомври и кој воедно беше наменет и за Република Романија
Настанот започна со високо ниво на политичка посветеност, каде воведни обраќања имаа заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси на Република Северна Македонија – г-дин Љупчо Николовски, Држаниот Секретар, потпретседател на Националната канцеларија за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Романија Г-дин Константин Илие Апороду, претседавачот со MONEYVAL г-ѓа Елжбиета Франков-Јашкиевич како и директорот на проектот „Акција против криминалот“ на Советот на Европа, г-дин Јан Клајсен.
Обуката беше организирана виртуелно додека на неа учество земаа повеќе од стотина претставници од Советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам како и претставници од институциите коишто го сочинуваат Советот, органите на прогонот, претставници од различни видови финансиски институции и нефинансискиот сектор, претставници на приватниот и НПО секторот.
Тренингот го обезбедува Секретаријатот на Комитетот MONEYVAL на приближно една година пред посетата на лице место која има за цел да ги запознае сите национални чинители вклучени во евалуацијата со основните стандарди и методологија на Работната група за финансиска акција (ФАТФ) и пристапот за евалуација од страна на Комитетот MONEYVAL, односно да го приближи до чинителите целокупниот процес којшто и престои на нашата држава.
Официјалната објава на Комитетот MONEYVAL можете да ја погледнете на следниот линк .