За целите на зајакнување на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам досега беа подготвени и реализирани четири стратешки документи. Како последица на потребата за продолжување и насочување на динамиката на унапредување на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија, подготвена е нова Стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам.
Оваа стратегија среден рок ги рангира приоритетите и ги дефинира активностите кои треба да го унапредат системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија преку реализација на 15 посебни цели. Имено, овие цели ќе бидат реализирани со имлементација на дефинираните мерки и активности пропишани со Акциониот план кој е составен дел на оваа Стратегија. Целите и активностите планирани во оваа стратегија се кохерентни со активностите предвидени со Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија, другите стратешки документи усвоени од Владата на Република Северна Македонија и се во континуитет на досега реализираните активности.
Врз основа на одредбите од (член 4 на) Законот за спречување перење пари и финансирање на, Советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам ја подготви оваа статегија врз основа на наодите од извештајот за националната проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам, а Владата на Република Северна Македонија ја усвои на својата седница во август, 2021 година. Исто така, Советот формиран согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е надлежен да ги следи и координира активностите за спроведување на оваа стратегија во насока на исполнување на утврдените цели, да ја унапредува функционалноста на системот и да предлага активности за зголемување на неговата ефикасност.
Стратегијата и акцискиот план можете да ги погледнете на следниот линк.