Управата за финансиско разузнавање во соработка со здружението Конект, во рамки на проектот на USAID за граѓанско учество, на 27 и 28 мај и 26 и 27 август реализираше серија од информативни настани „Проценка на ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО“.
На учесниците на оваа работилница (повеќе од 100 НПО) им беа презентирани меѓународните стандарди кои треба да се почитуваат за заштита на НПО, потребата од преземање на дополнителни мерки за заштита на НПО од злоупотреби од страна на државата, но и потребата за преземање на дополнителни мерки за зајакнување на механизмите за добро управување, транспарентност и отчетност како мерки на самозаштита кои НПО може да ги преземаат. Покрај излагањата на директорот на Проектот на USAID- г-н Горан Лазаревски, извршната директорка на Европскиот центар за непрофитно право со седиште во Хаг- г-ѓа Катерина Хаџи Мицева Еванс, извршната директорка на Конект- г-а Никица Кусиникова, од страна на претставниците на Управата за финансиско разузнавање беа презентирани наодите од спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам.
Имено, учесниците на овие настани беа информирани за подсекторот на НПО кој е повеке изложен на ризиците од финансирање на тероризам, природата на заканите од финансирање на тероризам, факторите на ризик кој ги прави НПО поранливи, ефикасноста на мерките за управување со ризикот од финансирање на терориразам, како и за мерките кои треба да доведат до јакнење на системот за заштита на НПО, посебно од ризиците на финансирње на теророизам во нашата држава.
Овие два информативни настани се дел од серијата на настани кои ќе бидат организирани во рамки на овој проект, а ќе имаат за цел унапредување на свеста за можните ризици од финансирање и продлабочување на знаењто за механизмите на заштита и самозаштита на НПО секторот.