На ден 01.10. 2021 година, Управата за финансиско разузнавање со поддршка на Кралството Холандија и Асоцијацијата за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб беа домаќини на „Регионалната конференција на Управите за финансиско разузнавање на Западен Балкан“ на која учество земаа претставници од дипломатскиот кор, државниот, приватниот како и непрофитниот сектор на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора , Косово и Србија. Имено, регионалната конференцијата се организираше заради зајакнувањето на меѓународната односно регионалната соработка на повеќе нивоа како и размената на информации, предизвици и добри практики за најновите трендови поврзани со перењето пари и финансирањето на тероризмот.
При отворањето на конференцијата, вицепремиерот на РСМ, Љупчо Николовски истакна дека од август годинава, со усвојување на Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам (2021– 2024), ќе се подобри динамиката на системот против перење пари и финансирање на тероризам, финансиските истраги и конфискација на имот. Според него, трошоците за криминал и ваквите незаконски дејствија одат на штета на јавниот буџет, а му штетат и на квалитетот на животот на граѓаните и директно влијаат на квалитетот на јавните услуги.
Заменик- министерот за финансии, Димитар Ковачевски оцени дека заедничкиот напредок на регионот е од особена важност за да недостатоците во меѓународната соработка не бидат злоупотребени од страна на криминалците како предност при реализирање на нивните кр иминални цели и интереси, а дека ваквите конференции се важни затоа што на нив можат да се разменат добри практики и искуства, да се споделат проблемите со кои се соочуваат, со цел заеднички да можат да одговорат на новите форми што ги користат овие криминални групи користејќи ги новите технологии. Работниот дел од конференцијата беше поделена во три работни сесии во теми поврзани со имплементирањето на меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризам односно преку спроведувањето на сеопфатни документи за проценка на ризиците од ПП и ФТ предизвиците поврзани со регулација на виртуелните односно крипто-средствата, како и воочените националните трендови и типологии поврзани со перење пари коишто најчесто се корист од страна на криминалците и криминалните групи.
Претставниците на Управите за финансиско разузнавање од регионот имаа можност да ги презентираат и разменат искуствата, предизвици и решенија во пристапите коишто ги заземале во имплементирањето на меѓународните стандарди на национално ниво.
На крајот, како генерални заклучоци коишто призлегоа од конференцијата е тоа што генерално Западниот балкан се соочува со слични или пак идентични проблеми односно се соочува со слични или пак идентични предизвици во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот, па и оттаму размената на искуства и добри практики може значајно да влијае на зајакнувањето на регионот во целост Континуираното зајакн ување и унапредување на меѓународната соработка единствено може да придонесе кон ефи касно и ефективно справувањето со криминалците и криминалните групи во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризам – истакна Директорот на Управата за финансиско разузнавање во рамки на завршните обраќана и заклучоците коишто произлегоа во рамки на конференцијата.