Ова Упатство е подготвено согласно член 10 став (7) од ЗСППФТ и има за цел да им помогне на субјектите во процесот на проценка на ризикот од ПП/ФТ – да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од ПП/ФТ. Ова Упатство може да го користат сите субјекти (финансиски и определени нефинансиски дејности и професии) кои согласно ЗСППФТ се обврзани да ги спроведуваат мерките за СПП/ФТ и да подготват проценка на ризик од ПП/ФТ. Како дополнување на ова Упатство може да се користат и Упатствата подготвени од страна на другите органи на надзор определени со член 146 од ЗСППФТ.