Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на законот за рестриктивни мерки
Успешно завршен проектот за зајакнување на капацитетите на Управата поддржан од Кралството Холаднија
Поголема свесност за ризиците од користење виртуелните средства, градење посеопфатна регулатива, како и одржливост и постојано надоградување на системот проследено со унапредување на капацитетите во целост со цел да се обезбеди превенција и навремено откривање на перењето пари и финансирањето тероризам. Ова беа заклучоците од завршниот настан на Проектот за унапредување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање финансиран од Кралството Холандија, а имплементиран од Демокраси Лаб.
MONEYVAL го започна 5-тиот круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија
Комитетот MONEYVAL го започна својот 5-ти круг процес на евалуација на Северна Македонија со отпочнување на првата фаза од постапката односно со одржување на дводневен т.н „Country Training“ кој се одржа на 14-ти и 15-ти Октомври и кој воедно беше наменет и за Република Романија
Консултативна средба за клучните наоди од компаративната анализа за религиските организации во РСМ и системот за борба против финансирање тероризам/перење пари
Во рамките на проектот поддржан од Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови (GIZ Global Program Combating Illicit Financial Flows), спроведуван од Здружение Конект и Human Security Collective, за надлежните институции, верските заедници и религиозните групи, беше организирана он-лајн консултативна средба на 29 септември 2021 година на која беа презентирани клучните наоди од компаративната анализа за религиските организации во РСМ и системот за борба против финансирање тероризам/ перење пари.Управата за финансиско разузнавање, како партнер во имплементацијата на овој проект, беше дел од оваа активност.
Одржана регионалната конференција на Управите за финансиско разузнавање на Западен Балкан во Скопје на тема „Организиран криминал, перење на пари и финансирање на тероризам- тенденции, предизвици и добри практики“
На ден 01.10. 2021 година, Управата за финансиско разузнавање со поддршка на Кралството Холандија и Асоцијацијата за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб беа домаќини на „Регионалната конференција на Управите за финансиско разузнавање на Западен Балкан“ на која учество земаа претставници од дипломатскиот кор, државниот, приватниот како и непрофитниот сектор на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора , Косово и Србија. Имено, регионалната конференцијата се организираше заради зајакнувањето на меѓународната односно регионалната соработка на повеќе нивоа како и размената на информации, предизвици и добри практики за најновите трендови поврзани со перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Проект на USAID за граѓанско учество – „Проценка на ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО
Управата за финансиско разузнавање во соработка со здружението Конект, во рамки на проектот на USAID за граѓанско учество, на 27 и 28 мај и 26 и 27 август реализираше серија од информативни настани „Проценка на ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО“.
На учесниците на оваа работилница (повеќе од 100 НПО) им беа презентирани меѓународните стандарди кои треба да се почитуваат за заштита на НПО, потребата од преземање на дополнителни мерки за заштита на НПО од злоупотреби од страна на државата, но и потребата за преземање на дополнителни мерки за зајакнување на механизмите за добро управување, транспарентност и отчетност како мерки на самозаштита кои НПО може да ги преземаат. Покрај излагањата на директорот на Проектот на USAID- г-н Горан Лазаревски, извршната директорка на Европскиот центар за непрофитно право со седиште во Хаг- г-ѓа Катерина Хаџи Мицева Еванс, извршната директорка на Конект- г-а Никица Кусиникова, од страна на претставниците на Управата за финансиско разузнавање беа презентирани наодите од спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам.
Северна Македонија со подобрување од 11 места во „Индексот на тероризам“ објавен од страна на Институтот за економија и мир за 2020 година.
Глобалниот индекс на тероризам (ГТИ) е извештај којшто се објавува на годишно ниво од страна на Институтот за економија и мир (ИЕП) како глобална „think-thank“ организација со седиште во Сиднеј- Австралија, а распространета и во Сад- New York, Англија- Oxford, и Мексико – Mexico City.
Партнерство за проценка на ризикот од финансирање тероризмот за непрофитните организации е можно: Северна Македонија го предводи патот
Во Скопје, 10.06.2021 година се одржа меѓународен форум на влади и непрофитни организации „Непрофитни организации и проценка на ризик – ангажман и научени лекции за ефикасна имплементација“, по повод презентацијата на Извештајот за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризмот за непрофитните организации во земјата. Работната група за финансиска акција (FATF) бара од државите да проценат дали во непрофитниот сектор постои ризик од финансирање тероризам и перење пари. Меѓутоа, за да го направат тоа на значаен начин, тие треба да соработуваат со непрофитниот сектор. Владата на Северна Македонија неодамна го заврши процесот на проценка на ризикот за непрофитните организации и покажа дека е можна ваква ефективна соработка со непрофитниот сектор.
„1-ви Март“ – ден на Управата за финансиско разузнавање, 19 години – Управа за финансиско разузнавање
Честит „1-ви Март“- денот на Управата за финансиско разузнавање !
Денес, 01.03.2021 година се навршуваат 19 години од влегувањето во примена на првиот Закон за спречување на перење пари од независноста на нашата држава. На 5-ти Септември 2001 година, во Службен Весник на Република Македонија број 70/2001 е објавен првиот Указ за прогласување на Законот за спречување на перење пари.
Така, согласно член 3 од Законот од 2001 година за прв пат е формирана „Дирекција за спречување на перење пари“ како орган во состав на Министерството за финансии. Законот стапи на сила осум (8) дена од објавувањето во Службениот весник, меѓутоа отпочна со примена на 1-ви Март 2002 година, па така овој датум се смета за денот од кога официјално започнала со работа тогашната Дирекција за спречување на перење пари, а денешната Управа за финансиско разузнавање.
Користењето на „виртуелните средства“ познати како „криптовалути“ ќе се уредува со закон
Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија.
МONEYVAL објави извештај за трендовите за перење пари и финансирање тероризам во јурисдикциите-членки за време на кризата со КОВИД-19
Криминалците ја искористуваат ситуацијата од пандемијата КОВИД-19 и го прилагодуваат нивниот начин на функционирање или т.н „модус операнди“ за да се стекнат со дополнителна имотна корист од различни видови казниви дела како што се измамите со користење на електронските средства, продажба на фалсификувани лекови, медицински средства и материјали како и останати облици на компјутерски криминал.
Семинар на тема “Зајакнување на регионалната соработка во Југоисточна Европа во борбата против финансискиот криминал
Управата за финансиско разузнавање, заедно со канцеларијата на ОБСЕ во Република Мекадонија, организира регионален семинар на тема
Пленарен состанок на Egmont Групата
Во период од 10 до 13 јули, директорот на Управата за финансиско разузнавање учествуваше на 20от Пленарен состанок на Egmont Групата, кој оваа година се одржа во Санпетерзбург, Русија.
Семинар на тема “Насоки за воспоставување на Централен регистар за вистински сопственик”
На 01 Декември 2017, Проектот против економски криминал организира семинар на тема “Насоки за воспоставување на Централен регистар за краен сопственик” во хотел Stone Bridge, Skopje.
Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам
На иницијатива на Управата за финансиско разузнавање започна реализација на проектот „Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам“. Овој проект, чие времетраење е една година, се реализира со помош на Светска банка, а определени активности ќе се реализираат во соработка со Европската Комисија- TAIEX и OSCE.