Во период од 10 до 13 јули, директорот на Управата за финансиско разузнавање учествуваше на 20от Пленарен состанок на Egmont Групата, кој оваа година се одржа во Санпетерзбург, Русија. На состанокот земјите членки на Egmont разговараа за меѓународната соработка при размена на информации и финансиско разузнавачки податоци.
Во насока на зајакнување на меѓународната соработка, директорот на Управата потпиша Меморандуми за соработка со Единиците за финансиско разузнавање од четири земји членки на Egmont: Холандија, Андора, Бермуди и Кајмански Острови.