Упатство за примена на законот на рестриктивни мерки

Ова Упатство е изготвено со цел да им овозможи на обврзниците и надлежните институции јасно, доследно и ефикасно да ги применуваат обврските кои произлегуваат од Законот за рестриктивни мерки. Документот нуди практични насоки за спроведување на мерките, препознавање на ситуации кои бараат постапување, како и разбирање на надлежностите и механизмите за комуникација и известување.

Упатството ги опфаќа видовите рестриктивни мерки, правната основа за нивна примена, субјектите кои се должни да постапуваат, како и начинот на идентификација, известување и замрзнување на имот и средства согласно важечките прописи. Дополнително, обезбедени се и насоки за спречување на неправилности и намалување на ризиците од непочитување на законските обврски.

Со ова Упатство се унапредува усогласеноста со меѓународните стандарди, се обезбедува правна сигурност и се зајакнува институционалниот капацитет за зачувување на меѓународниот мир, безбедност, човековите права и владеењето на правото.

Упатството е достапно на следниот линк.

Прочитај повеќе

Jaвен оглас за вработување на 1 (едно) лице во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Врз основа на член 89 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (“Службен весник на Република Македонија” бр. 150/22,208/24 и 59/25) член 20 – г од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/2014, 27/14, 199/14, 27/16, 98/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.143/19,  275/19 и  14/20 и 208/24), член 22 став 1 точка 1, член 23 став 1 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија”бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 134/16, 120/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15”), Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува:

Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува јавен оглас за вработување на 1 (едно) лице на неопределено време на следново работно место:

  1. Помлад разузнавач за одржување софтвер со шифра УФР 0210Б04001, во Одделението за информатичка технологија, во Секторот за информатичка технологија и управување со податоци, 1 (еден) извршител.

Рокот за доставување на пријавата со  потребните документи изнесува 5  (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Целокупниот оглас е објавен на следниот линк.

Административна селекција

Прочитај повеќе

Регионален преглед на ризиците од корупција и перење пари поврзани со еколошкиот криминал во Западен Балкан

Во рамките на проектот “Action against economic crime in the Western Balkans”, кој се реализира како дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа – „ Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkiye“, Ви го доставуваме нацрт-извештајот “Regional Review of Corruption and Money Laundering Risks Associated with Environmental Crime in the Western Balkans”, кој  содржи регионален преглед на ризиците од корупција и перење пари поврзани со еколошкиот криминал во земјите од Западен Балкан, Управата за финансиско разузнавање на Р.С.Македонија активно учествуваше во изработката на извештајот “Regional Review of Corruption and Money Laundering Risks Associated with Environmental Crime in the Western Balkans”.

 

Извештајот овозможува подлабоко согледување на поврзаноста на еколошкиот криминал и финансиските злоупотреби, при што се анализираат предизвиците и ранливоста во регионот, и во Северна Македонија, особено во однос на потенцијалните ризици од генерирање и движење на нелегалните финансиски средства во областа на еколошкиот криминал.

 

Овој извештај треба да им помогне на субјектите и на државните институции за полесно препознавање, следење и гонење на случаи поврзани со еколошки криминал и перење пари со цел навремено и успешно процесуирање на истите.

 

Проверете го документот на овој линк.

Прочитај повеќе

Консолидирана листа на санкционирани лица и субјекти

Овој документ претставува консолидирана листа на физички и правни лица опфатени со рестриктивни мерки согласно резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и одлуките на Европската Унија. Листата содржи информации за поединци и организации поврзани со активности што претставуваат закана за меѓународниот мир, безбедност и човекови права, вклучувајќи ги податоците за нивното име, државјанство, функција, датум на внесување и измена на санкцијата.

За повеќе информации и ажурирани податоци, посетете ја официјалната страница на Обединетите нации и Европската Унија за рестриктивни мерки.

Прочитај повеќе

Индикатори за препознавање на сомнителни трансакции поврзани со еколошки криминал и перење пари

Во согласност со заложбите за спречување на перење пари и финансирање на незаконски активности, изработени се индикатори кои имаат за цел да обезбедат подобро препознавање на сомнителни трансакции во областа на еколошкиот криминал. Природните ресурси, управувањето со отпад, шумарството, минералите и рударството се сектори каде ризикот од незаконити финансиски активности често е зголемен, па затоа со овие индикатори се обезбедува поефикасна и навремена идентификација на ризични транспарентни и нетранспарентни дејствија.

Новите индикатори ги опфаќаат честите нерегуларности и ризични обрасци на однесување – од необјаснето зголемување на имот кај службени лица, до користење на офшор компании и злоупотреба на јавни средства за таканаречени „еколошки“ проекти. Тие се важен инструмент за субјектите должни да ги спроведуваат законските обврски и да развијат ризично-базиран пристап кон надзор, анализа и навремено пријавување на сомнителни активности до надлежните органи.

Подготовката на овие индикатори произлегува од меѓусекторска соработка и анализа на актуелните ризици поврзани со финансирањето на криминал во eкологија, со цел зајакнување на интегритетот и заштита на јавниот интерес.

Целосниот документ може да го прегледате на следниот линк.

Прочитај повеќе

Годишен извештај 2024

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето пари и финансирање на тероризмот.

Годишниот извештај на Управата за финансиско разузнавање за 2024 година можете да го погледнете на следниот линк.

Прочитај повеќе

Извештај за национална проценка на ризикот од перење пари, финансирање на тероризам, финансирање на оружје за масовно уништување и други поврзани ризици

РСМ го постави и го гради системот за СППФТ согласно меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики, адекватно на утврдениот ризик.

За ефикасно управување со ризикот, ЗСППФТ ја дефинира обврската за спроведување НРА заради идентификување, проценување, разбирање и намалување на ризикот поврзан со ПП и ФТ, како и обврската за нејзино ажурирање најмалку на секои четири години. Оваа обврска ефикасно се извршува од страна на надлежните институции, при тоа спроведувајќи ги меѓународните стандарди на високо ниво на ефикасност. Во овој контекст подготвени се повеќе извештаи за спроведени национални проценки или стратешки анализи, а НРА од 2023 година е најновиот циклус на НРА со кој се идентификуваат ризиците од ПП, ФТ, a за прв пат и заканите од финансирање на оружје за масовно уништување (пролиферација).

Резултатот од спроведената НРА се заклучоците за претходно споменатите ризици, презентирани во овој извештај. Целта на овој извештај е повеќекратна. Истиот се користи за подготвување на Национална стратегија чии активности ќе влијаат на подобрување на националната регулатива, надминување на недостатоците на системот за СППФТ, дефинирање на активности кои треба да се применуваат во идентификуваните сектори со помал или поголем ризик, како и за алокација на ресурси согласно дефинираните приоритети. Дополнително, овој извештај има своја употребна вредност и за субјектите за кои претставува рамка за спроведување на интерните проценки на ризик на ниво на клиент или субјект.

Претходните процеси на НРА се извршени во 2016 и 2020 година, подготвените Извештаи се достапни на веб страната на УФР.

Исто така, направена е засилена анализа и посебен осврт е даден на ранлвоста од неформалната економија, игрите на среќа и градежниот сектор.

ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОД ПЕРЕЊЕ ПАРИ – Документ

ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ ОД ФИНАНСИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ – Документ

ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ ОД ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ – Документ

 

 

Прочитај повеќе

Рестриктивни мерки на ОН

Консолидираната листа ги вклучува сите физички лица и субјекти кои подлежат на мерки утврдени од Советот за безбедност. Вклучувањето на сите имиња на една Консолидирана листа е да се олесни спроведувањето на мерките, и ниту подразбира дека сите имиња се наведени и подлежат под еден режим, ниту пак дека критериумите за наведување на специфични имиња се исти.

Прочитај повеќе

Рестриктивни мерки на Европска Унија

Рестриктивните мерки (санкциите) се суштинска алатка во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, преку која ЕУ може да интервенира кога е потребно за да спречи конфликт или да одговори на новонастанатите кризни жаришта. Тие се наменети да донесат промена во политиката или активноста со насочување кон земјите што не се членки на ЕУ, како и субјекти и поединци, одговорни за т.н нарушеното малигно однесување.

Прочитај повеќе

Новите подзаконски акти коишто произлегуваат од ЗСППФТ

Врз основа на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам донесен е нов сет на подзаконски акти. Целта на овие акти е јасно дефинирање на обврските на надлежните институции и субјекти, унапредување на процедурите и зголемување на транспарентноста во финансиските и регулаторни процеси.

Во продолжение се достапни осум документи, кои ги опфаќаат главните области на работењето на Управата за финансиско разузнавање, водењето евиденции, етичките стандарди, извештаи и технички спецификации.

🔹 Првиот документ е КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ кој ги утврдува етичките принципи на кои мора да се придржуваат вработените во Управата за финансиско разузнавање.
📄 КОДЕКС

🔹 Понатаму следат седум правилници, секој со своја специфична примена:

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ГОТОВИНСКА ТРАНСАКЦИЈА ВО ИЗНОС ОД 15.000 ЕВРА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ИЛИ ПОВЕЌЕ, со кој се уредува начинoт на доставување и обработка на овие податоци.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, ВИДОТ И КАТЕГОРИИТЕ НА ПОДАТОЦИ ОД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СОМНЕВАЊАТА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И/ИЛИ ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ, со што се стандардизира структурата на сомнителните извештаи.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, НАЧИНОТ И РОКОВИТЕ ЗА ВНЕСУВАЊЕ И АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ВО ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СЛУЧАИ И НАЧИНОТ НА СЛЕДЕЊЕ НА СЛУЧАИTE, со кој се овозможува дигитално следење на постапките.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА СОФТВЕРОТ ЗА АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ, со што се утврдуваат техничките барања за безбедна и ефективна работа со податоци.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА СПРОВЕДЕНИ ПОСТАПКИ ЗА ИЗРЕЧЕНИ КОРЕКТИВНИ МЕРКИ, со кој се воведува електронско водење на процесите поврзани со надзор.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА НАЛОГОТ ЗА ВРШЕЊЕ НАДЗОР ОД СТРАНА НА УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ, кој го уредува процесот на инспекциски надзори.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА НА НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ДАВАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ВИРТУЕЛНИ СРЕДСТВА, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ СУБЈЕКТИТЕ КОИ ВРШАТ МЕНУВАЧКИ РАБОТИ, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ БРОКЕРСКИТЕ КУЌИ И БАНКИТЕ СО ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ЛИЦАТА КОИ ТРГУВААТ ИЛИ ДЕЈСТВУВААТ КАКО ПОСРЕДНИЦИ ВО ТРГОВИЈА СО УМЕТНИЧКИ ДЕЛА И НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ЛИЦАТА КОИ СКЛАДИРААТ, ТРГУВААТ ИЛИ КОИ ДЕЈСТВУВААТ КАКО ПОСРЕДНИЦИ ВО ТРГОВИЈА СО УМЕТНИЧКИ ДЕЛА КОГА АКТИВНОСТА СЕ ОДВИВА ВО СЛОБОДНИ ЗОНИ, со кој се обезбедува стандардизација на нумерацијата и следење на регистрите.
    📄 ПРАВИЛНИК

Овие документи претставуваат значаен чекор напред во подобрување на регулативата и оперативниот капацитет на сите засегнати страни.

Прочитај повеќе