Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Здружението на граѓани Конект во соработка со Европскиот центар за непрофитно право и Управата за финансиско разузнавање изготвија „Прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам“.
Определувајќи ги можните ризици од нивна злоупотреба, овој прирачник ги води НПО чекор по чекор во развивање на нивната отпорност од злоупотреби, разбирајќи го значењето на меѓународните стандарди и правните прописи за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и преземање на мерки за нивна заштита.
Преку прирачникот, заинтересираните страни ќе можат да се информираат за тоа кои непрофитни организации се опфатени со проценката на ризикот од финансирање на тероризам преку НПО секторот, какви се ризиците за финансирање тероризам во нашата земја како и кои се препорачаните мерки за заштита?!
Прирачникот можете да го преземете на следните линкови на македонски, албански и англиски јазик.
Погледнете го линкот подолу доколку сакате да ја пронајдете „Проценката на ризик од финансирање тероризам за непрофитните организации“
Извештај за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации