Ова Упатство има за цел да им помогне на субјектите кои имаат обврска да ги применуваат мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Упатството има за цел да помобне истите соодветно да го проценат, разберат и намалат ризикот од перењето пари, а поврзано со работењето со одредена категорија на клиенти. Носителите на јавни функции се лица на кои им е или им била доверена определена јавна функција, а поради нивната положба и влијание утврдено е дека носителите на јавни функции се наоѓаат во позиција во која може потенцијално да бидат злоупотребени за целите на перење пари (ПП).
Наодите од спроведената Национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам покажуваат дека кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ претставува едно од кривичните дела кои претставуваат најголема закана за ПП во Република Северна Македонија.
Примената на овие превентивни мерки не треба да се толкува како основа за одбивање или прекинување на деловните односи со носителите на јавни функции туку како сет од мерки со кои треба адекеватно да се применуваат и да се управува со резидуалниот ризик кој го носат овој вид на клиенти.
Упатството е достапно на следниот линк