Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за спречување перење пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување
За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од тековните ризици поврзани со перење пари, финансирањето тероризам како и пролиферацијата на оружје за масовно уништување кои произилегуваат од посочените земји. Оваа листа честопати е наречена и „црна листа“.
Во последната „Јавна објава“ од страна на ФАТФ од 25.06.2021 година се наведува дека од февруари 2020 година имајќи ја предвид пандемијата со КОВИД-19, ФАТФ го запре процесот на разгледување на земјите од листата на висико-ризични јуриздикции предмет на „Повик за акција“ со оглед на тоа што тие веќе се предмет на повикот на ФАТФ за воведување на контрамерки.
Со последната објава ФАТФ упатува на јавната објава за овие јурисдикции усвоена во февруари 2020 година. Дополнително ФАТФ констатира дека иако јавната објава не мора да го одразува најновиот статус на режимите за спречување перење пари и финансирање тероризам на Иран и Демократска народна Република Кореја, сепак повикот на ФАТФ за овие ризични јурисдикции останува во сила.
Јавната објава на ФАТФ од 25-ти Јуни 2021 година можете да ја погледнете на следниот линк
Јавната објава на ФАТФ од 21-ти Февруари 2020 година можете да ја погледнете на следниот линк
Прочитајте повеќе на :
ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“(25.02.2021 година)