Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за борба против перењето пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување.
За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од тековните ризици поврзани со перење пари, финансирањето тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување кои прозилегуваат од посочените земји. Оваа листа честопати е наречена и „црна листа“.
Од февруари 2020 година, имајќи ја предвид пандемијата со КОВИД-19, ФАТФ го запре процесот на разгледување на јурисдикциите од т.н „црна листа“ односно на јурисдикциите со висок ризик – предмет на „повик за акција“ врз кои се воведуваат т.н контрамерки. Со последната објава од 25-ти Февруари 2021, ФАТФ упатува на јавната објава од февруари 2020 година. Дополнително, ФАТФ наведува дека иако јавната објава не мора да го одразува најновиот статус на системите за борба против перење пари и финансирање на тероризам на Иран и Демократска Народна Република Кореја, повикот на ФАТФ од февруари 2020 година останува непроменет и останува во сила.
За повеќе информации за последната јавна објава на ФАТФ за високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ можете да погледнете на следниот линк.
Јавната објава на ФАТФ од 20-ти февруари 2020 година можете да ја погледнете на следниот линк.
Дополнително погледнете ја објавата на Управата за финансиско разузнавање на долунаведениот линк
ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (23.10.2020)