Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за борба против перењето пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување.
За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од тековните ризици поврзани со перење пари, финансирањето тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување кои прозилегуваат од посочените земји. Оваа листа честопати е наречена и „црна листа“.
На 2 август 2020 година, FATF одлучи да го запре процесот на ажурирање на листите на јурисдикции со висок ризик предмет на „Повик за акција“.
Во таа насока ФАТФ упатува на јавната објава која се однесува за овие јурисдикции усвоена во февруари 2020 година.
Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција (21.02.2020)
ФАТФ нотира дека иако јавните објави не мора да го одразува последниот статус на системот за борба против перење пари, финансирањето на тероризам и пролиферација на оружје за масовно уништување на Иран и Демократска Народна Република Кореја, објавата на ФАТФ за „Повик за Акција“ за овие јурисдикции остануваат во сила.
На следниот линк можете да ја погледнете последната објава од страна на ФАТФ.