Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од ризиците од перење пари, финансирање тероризам и финансирање пролиферација кои произлегуваат од земјата. Оваа листа честопати се нарекува „црна листа“.
Од февруари 2020 година, имајќи ја предвид пандемијата со COVID-19, ФАТФ го запре процесот на ревизија за земјите од списокот на јурисдикции со висок ризик кои подлежат на т.н „Повик за акција’, имајќи предвид дека тие веќе се предмет на повикот на ФАТФ за контрамерки. Со последната објава ФАТФ упатува на јавната објава за овие јурисдикции усвоена во февруари 2020 година. Дополнително ФАТФ констатираше дека иако јавната објава не мора да го одразува најновиот статус на режимите за спречување перење пари и финансирање тероризам на Иран и Демократска Народна Република Кореја, сепак повикот на ФАТФ за овие ризични јурисдикции останува во сила.
Со јавната објава на ФАТФ од октомври 2022 година ФАТФ ги повикува своите членки и другите јурисдикции да применуваат засилени мерки за анализа пропорционални на ризиците кои произлегуваат од Мјанмар . Со својата јавна објава од 24.02.2023 година, јавната објава од Октомври 2022 година којашто се однесува за Мјанмар, исто така останува во сила.
Јавната објава на ФАТФ од 24.02.20223 година можете да ја погледнете на следниот линк
Јавната објава на ФАТФ од 21-Октомври 2022 година можете да ја погледнете на следниот линк
Објавата за Високо-ризичните јурисдикции од Октовмри 2022 година на оваа веб-страница можете да ја погледнете на линкот подолу