Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од ризиците од перење пари, финансирање тероризам и финансирање пролиферација кои произлегуваат од земјата. Оваа листа честопати се нарекува „црна листа“.
Од февруари 2020 година, имајќи ја предвид пандемијата со COVID-19, ФАТФ го запре процесот на ревизија за земјите од списокот на јурисдикции со висок ризик кои подлежат на т.н „Повик за акција’, имајќи предвид дека тие веќе се предмет на повикот на ФАТФ за контрамерки. Со последната објава ФАТФ упатува на јавната објава за овие јурисдикции усвоена во февруари 2020 година. Дополнително ФАТФ констатираше дека иако јавната објава не мора да го одразува најновиот статус на режимите за спречување перење пари и финансирање тероризам на Иран и Демократска Народна Република Кореја, сепак повикот на ФАТФ за овие ризични јурисдикции останува во сила.
Со јавната објава на ФАТФ од октомври 2022 година ФАТФ ги повикува своите членки и другите јурисдикции да применуваат засилени мерки за анализа пропорционални на ризиците кои произлегуваат од Мјанмар
Во февруари 2020 година, Мјанмар се обврза да ги реши своите стратешки недостатоци. Акциониот план на Мјанмар кој истече во септември 2021 година. Во јуни 2022 година, ФАТФ силно го повика Мјанмар брзо да го заврши својот акционен план до октомври 2022 година или ФАТФ ќе ги повика своите членки и ќе ги повика сите јурисдикции да применат засилена анализа на деловните односи и трансакциите со Мјанмар. Со оглед на континуираниот недостаток на напредок и поголемиот дел од нејзините акциони точки сè уште не се решени по една година по рокот на акциониот план, ФАТФ одлучи дека е неопходно понатамошна акција во согласност со нејзините процедури. При примена на засилени мерки за длабинска анализа, земјите треба да обезбедат дека протокот на средства за хуманитарна помош, легитимната активност на НПО и дознаките не се нарушени.
Мјанмар треба да продолжи да работи на имплементација на својот акционен план за справување со овие недостатоци, вклучително и преку: (1) демонстрација на подобрено разбирање на ризиците за ПЛ во клучните области; (2) докажување дека супервизорските органи на лице место/оф-сајт и нивните активности се засноваат на ризик, хунди операторите се регистрирани и предмет на супервизија; (3) демонстрирање на зголемена употреба на финансиско разузнавање во истрагите на истражните органи и зголемување на оперативните анализи како и дисеминации од страна на финансиско разузнавачката единица; (4) обезбедување дека предметите со перење пари се истражуваат/гонат во согласност со проценетите ризици; (5) демонстрирање дека истрагите на транснационални случаи на ПП се истражуваат со меѓународна соработка; (6) демонстрација на зголемување на замрзнувањето/одземањето и конфискацијата на приноси од криминал, инструменти и/или имот со еквивалентна вредност; (7) управување со запленетите средства за зачувување на вредноста на запленетата стока до конфискација; и (8) демонстрирање на финансиски рестриктивни мерки поврзани со финансирање на пролиферација/оружје за масовно уништување.
Јавната објава на ФАТФ од 21-Октомври 2022 година можете да ја погледнете на следниот линк
Јавната објава на ФАТФ од 21-ти Февруари 2020 година можете да ја погледнете на следниот линк
Објавата од Јуни 2022 година на оваа интернет страница можете да ја погледнете на линкот подолу
ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (17.06.2022 година)