Вршењето на задачите и реализацијата на целите на Управата е во непосредна врска со преземањето на соодветни мерки кои се насочени кон отстранување на разните видови на коруптивно однесување кои би можеле да се појават во најразлични форми како што е неморално и неетичко однесување , судир на интереси , непотизам и слично . Во таа насока потребно е да се изврши идентификација на ризичните области, како и воспоставување на алатки и контролни механизми за надминување на детектираните ризични области , со предлог решенија кои ќе придонесат во превенирањето , спречувањето или намалуването на ризиците на корупција при спорведувањето на надлежностите на Управата , кои активности се утврдуваат со овој Годишен план за спречување на корупција на Управата за финансиско разузнавање.
Активностите врз основа на кои се заснова Годишниот план за борба против корупцијата на Управата за финансиско разузнавање се во согласност со препораките оставени од страна на Владата на Република Северна Македонија.
Годишниот план за спречувањена корпуција на Управата за финансиско разузнавање за 2021 година можете да го превземете на следниот линк, а додека Процедурата за начинот и постапката на планирање, спроведување и реаизација на јавните набавки во Управата за финансиско разузнавање можете да ја погледнете на следниот линк како и во категоријата „Јавни набавки“.